Пијалакот се вика „Бананамилк“ и се продава како растителен, од етички фарми, без алергени и органски. Моментално, компанијата што го произведува, Муала, работи на нов рецепт кој ќе има повеќе калиум и калциум.
Што се однесува на процесот на производство, првиот човек на компанијата, Џеф Ричардс, објаснува дека имаат специјален процес на варење преку кој вадат „богат и кремаст вкус што сите го сакаат“, бидејќи ако „само измешаш банана и вода, без разлика како ќе го правиш тоа, на крај ќе добиеш разводнето пире од банана“.
Првите тестови на пијалакот Ричардс ги прави во својата кујна во 2012, кога добива рецепт што му се допаѓа, тој формулата ја носи во Универзитетот Минесота, за да му помогнат да ја адаптира за индустриско производство.
Крајниот рецепт освен банани и вода, содржи путер од сончоглед, цимет и морска сол.
Во однос на регуларно млеко, банана млекото тепа по бројот на калории и шеќер (има помалку), а губи во категориите протеин, калциум и калиум (тука поразот е што има помалку).
Компанијата меѓу другото произведува и млеко од бадеми и млеко од овес.