Изјавата доаѓа за време на промоцијата на првата бела книга на тема одбрана што Пекинг ја објавува во последниве четири години. Во документот не се споменува директно Хонгконг, меѓутоа запрашан околу можноста за негова независност, портпаролот на министерството за одбрана, Ву Киан, ги нареди сите правни основи по кој армијата би можела да интервенира.
Ву дополнил дека министерството детално ја следи ситуацијата. Кинеската армија има околу 6.000 војници распоредени во 18 касарни околу градот.
Она што се споменува во белата книга е справување со проблемите во Тајван, Тибет и Ујгурите.
Анализите се дека документот за прв пат признава дека армијата освен надворешна има и внатрешна улога.
Немирите кои се случуваат во Хонгконг започнаа по основа на законот за екстрадиција, а откако тој беше повлечен тие и понатаму најдоа причина за постоење во барање за менување на лидерката на Хонгконг.