Минатиот месец Џегер настапи за првпат по операцијата на срце која ја имаше на почетокот на годинава. Има 76 години и околу 260 милиони фунти.
Денес никој не гледа причини зошто би решил да го одложи микрофонот, но во неговите 20 години му се чинело дека е неверојатно ем бизарно на 60 години и натаму да се занимава со рокенрол па бил нетрпелив да ги среди финансиите за зимата на својот живот кога „нико не куца на твоја врата“.
За ова денес сведочи Лоренс Маерс, човекот кој тогаш му бил сметководител и со години им ги водел финансиите на Стоунси. Биле блиски дотаму што неговите простории ги користеле како свои канцеларии.
Биографијата на 82 годишниот Маерс излегува наскоро, со наслов „Hunky Dory (кој ќе знаеше?“) и ќе понуди интересни инсајдерски информации за златната ера на музичката индустрија, од релевантен извор. Маерс имено, освен на Стоунси, им ги менаџирал парите и договорите и на Боуви, Донован, Џеф Бек, Лулу и други. Вели дека во тоа време, бекап план на Џегер (кој има студирано на London School of Economics), било да стане агент за осигурување.
Боуви го памти како исклучително питом и тивок човек за кого во реалноста никогаш не би помислиле дека е рок ѕвезда. Го зема под свое кога никој од звучните финансиски менаџери во музиката не сака да го земе за клиент. Тоа му го признава и Енџи Боуви, првата жена на Боуви која вели дека Дејвид цел живот останал благодарен за укажаната шанса. Маерс го гледа неговиот потенцијал, вложува свои пари во Боуви кои водат кон договор со издавачката куќа RCA и албуми како Ханки Дори и Зиги Стардаст. Со тие пари испечатиле 500 примероци од промо -материјалот на Боуви. Една копија од тој сет неодамна била продадена за 10.000 фунти.
Интересен е деталот со Род Стјуарт кого Џеф Бакли го исплаќал преку бирото на Маерс. Стјуарт бил прилично ревносен да си ги дочека парите но Маерс еден ден му рекол дека не може баш секој ден да доаѓа и да ѝ се пушта на секретарката.