Вести

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Речник

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Едвард „азилот во медот“ Сноуден

За човекот што го алармираше комплетното човештво за начините на кои владите упорно нè следат и прислушуваат, овие неколку години азил во Русија беа прилично даровни, и тоа до сума од 1,2 милиони долари.

Водот 5, пожарникарите што тргнаа да го гасат пожарот во Бејрут

Девет пожарникари и болничарка први пристигнуваат на пристаништето во Бејрут по пријавата дека во магацинот 12 избил пожар. Никој од тимот нема претстава, ниту некој пријавил дека во магацинот лежат речиси 3.000 тони амониум-нитрат.

Торонто падна на стриптизети?

Канадската метропола дозволува повторно отворање на еден од најпознатите стриптиз клубови во центарот на градот. Неколку дена подоцна 550 луѓе што го посетиле клубот се сомничат дека се изложени на ковид-19.

Гугл предупредува дека ни најмалку не сака да плаќа за вестите од кои заработува

Откако австралиската влада реши да не прави ни педа отстапка од својата намера да ги натера Гугл и Фејсбук да им плаќаат на медиумите за вестите од кои вадат грдни пари, Гугл реши својот пребарувач да го впрегне во сопствена корист и да објаснува зошто треба да продолжи да не плаќа за производ од кој заработува.

Расел Кроу ја помогна бејрутската биртија на Бордејн

„Некој кој се вика Расел Кроу штотуку даде великодушна донација“, обелодени иницијаторот на иницијативата за обнова на разрушениот бејрутски ресторан Леш Шеф, еден од омилените ресторани на покојниот Ентони Бордејн. Потоа се јави Расел Кроу за да каже дека е тој Расел Кроу.  

Кинески ресторан „KAI WAGATA“

Иако велат дека тоа го правеле со најдобра намера и за доброто на својт земја, сопствениците на еден ресторан во Кина мораше да им се извинат на муштериите, што ги мереле на вага пред да седнат да јадат.  

Напредокот од „жена“ до „индивидуа со грло на матка“

Пред 50 години се одвиваше борба за жeнски права. Сега битката е околу правото да се изговори зборот жена. До толку е регресивна прогресивната идеологија, видливо и преку лудата идеја, по примерот на Н (nigger) зборот, да се избрише и W (woman) зборот, за да не се навределе биолошките жени кои се идентификуваат како мажи, биолошките мажи кои се мислат жени, итн, итн.

Епл и Гугл ја спукаа со Фортнајт

Една од најпопуларните видео игри е збришана од продавниците за апликации на Епл и на Гугл, не заради некаква грижа за здравјето на децата или идентитетско-прогресивна агенда на двата гиганти, туку чисто заради пари.

Патики продадени за 615.000 долари

Да, патиките се на Мајкл Џордан и ги има носено за време на егзибициски натпревар во 1985 кога го забива баскетот толку силно што ја крши таблата, но и покрај тоа се само пар патики.

Како да се зачува слободата од слободарите?

Американските универзитети се во постојана дефанзива пред константниот налет на обвинувања за расизам и дискриминација. Прават сè да изгледа дека се борат со системскиот расизам за кои им е јасно дека не постои, само за да не бидат етикетирани како такви. Професор по математика од Принстон признава дека доцна ја сфатиле сериозноста на агресијата.

Стотици мртви заради ковид-19 дезинформации

Се работи за околу 800 смртни случаи низ целиот свет и сите во првите 3 месеци од годинава, а освен нив на погрешните информации им се припишуваат и околу 5.800 хоспитализирања.

Германскиот Роберт Кох институт ги повлече оптимистичките тврдења за вакцина

Главниот германски институт задолжен за пофаќање на проблемите со ковид-19, го збриша од својот сајт сопствениот документ во кој тврдеше дека есенва ќе имаат вакцина за ковид-19. Истражувањето било објавено по грешка.

Велнес вејки на ветрот

Истата платформа на која може да ја изгледате најневеројатната збирштина на велнес и надрилекарство, „The goop lab with Gwyneth Paltrow“, сега ја објави документарна серија за измамите на велнесот, индустрија тешка 4500 милијарди долари.

Холандската лабораторија имала капацитет до 200 кг. кокаин дневно

Во идилична рурална северна Холандија минатата недела изненадно се огласува татнежот на холандската полициска армада тргната кон едно затворено училиште за јавање. А во училиштето една од најголемите лаборатории за кокаин на европско тло.

Суспензија заради ругање на задолжителните маски

Откако на демонстрации во Дортмунд против ковид-19 правилата за хигиена го критикува носењето маски и слични мерки кои се во тек, припадник на тамошната полиција завршува на клупа за резерви со суспензија од работа.

Битна нус-појава на руската вакцина

Ако руската вакцина против коронавирусот се покаже безбедна и масовно ефикасна, попат ќе убие (пореално, накратко ќе замолчи) уште една досадна мува: антиваксерите кои цело време тврдат дека сето ова е ујдурма на Бил Гејтс кој сака да нè чипира.

Долга е раката на Бил Клинтон

Еден воен ветеран имаше повеќе среќа од јадниот Фер Вејн Брајант па нема да лежи доживотен затвор за поседување дрога вредна помалку од 30 долари. И двајцата беа осудени на вакви казни според озлогласениот американски закон “три корни пенал“ по кој и за банално дело можеш да попиеш драконска казна ако претходно си имал уште два прекршока.

250 милијарди долари „социјално“ за 4 месеци за американските работници

Програмата во која невработените Американци добиваа дополнителни 600 долари неделно стартуваше на почетокот од април, траеше до крајот на јули и чинеше 250 милијарди долари.

Церера, океанска планета

Џуџестата планета за која до сега се веруваше дека е камена пустелија, по последната мисија на НАСА излезе дека е „океански свет“ со „обемен резервоар“ на морска вода под површината.

Корупцијата по образите се познава

Анализа на фотографии од министри од 15 пост-Советски држави открива дека колку е поголемо БМИ-то (дебелината) на политичарите толку е поголема и корупција во земјата.

Како Либан воопшто ќе закрепне?

Прво имаше огромен столб чад од пожарот на пристаништето во Бејрут. Потоа следуваше филмски апокалиптична експлозија која срамни со земја голем дел од престолнината на Либан. До сега исходот е најмалку 135 мртви, илјадници повредени и над 15 милијарди долари во штета. А и пред ова на Либан ни најмалку не му одеше добро.

Уште 8,5 месеци живот со рестрикции?

Германските компании очекуваат дека рестрикциите на јавниот живот ќе траат уште најмалку 8,5 месеци. И тоа ова е просекот, оние во бизнисот со одмор и рекреација, се уште поголеми песимисти.

Секој трет Американец не би примил ни бесплатна вакцина

35% Американци би одбиле вакцинирање доколку во овој момент надлежните здравствени власти одобрат вакцина која би била и бесплатна. Разликите во ставот околу вакцинирањето се оцртуваат по расни, возрасни и политички линии.

Јапонци се професионалци и во растурање бракови

Во Јапонија можеш да најмиш професионален агент кој ќе ти го растури бракот така што ќе го заведе твојот брачен партнер/партнерка. За да биде полесен разводот. Имаат 250 агенции кои нудат вакви услуги.