Без разлика што ги прави парите, прашањето на авторите на „(Un)Well“ е дали луѓето всушност се чувствуваат подобро.
„Велнес индустријата е толку енормна, и толку нерегулирана. Па самата помисла да се прочепка низ велнес индустрискиот комплекс е нешто што сметам дека беше важно да се направи,“ порачува извршната продуцентка Ерика Сашин.
За шесте епизоди на документарна серија разговарано е со луѓе што веруваат во велнес, скептици, научници и луѓе кои биле вклучени во бизнисот, а темите опфаќаат:
- есенцијални масла
- тантричен секс
- мајчино млеко за возрасни
- испостување (фастинг)
- ајаваска
- терапија со убоди од пчели
„Мислам дека луѓе стануваат анксиозни и истоштени и разочарани од меинстрим медицината. Некои луѓе имаат здравствени проблеми и се оставени без одговори или се оставени без достапно решение. Тоа е она што ги привлекува луѓето. Желбата да се преземе контрола врз сопственото здравје и да се бараат одговори,“ објаснува Сашин.
Во документарецот се објаснува дека во некои случаи велнес терапиите даваат резултати, на пример кога мајка ќе види дека нејзината аутистична ќерка се смирува со есенцијални масла. Но има и велнес терапии кои завршуваат со ќорсокаци од пирамидални шеми, до сексуален напад или смрт.
Документарецот од денес е достапен на Нетфликс.