Епл и Гугл ја спукаа со Фортнајт

Една од најпопуларните видео игри е збришана од продавниците за апликации на Епл и на Гугл, не заради некаква грижа за здравјето на децата или идентитетско-прогресивна агенда на двата гиганти, туку чисто заради пари.

Во последната верзија од играта од 13-ти август, авторот на Фортнајт, Епик вградува сопствен систем за наплата за најразличните работи што можат да се купат во играта, кој го заобиколува системот за наплата на Епл и Гугл.

По ново кога играчите ја купуваат виртуелната валута „в-бакс“ во рамките на Фортнајт, тие освен можноста за плаќање преку Епл, добиваат опција за директно плаќање преку Епик. Доколку изберат да платат преку Епик, играчите добиваат и 30% попуст.

Ова само по себе е еден од најголемите гревови што една апликација може да ги направи кон Епл и Гугл, бидејќи и двете компании земаат процент од сите плаќања што се вршат во рамките на некоја апликација симната од нивните продавници. Епл обично зема меѓу 15 и 30 проценти од плаќањата во апликациите, па затоа и попустот од 30%

Како што беше очекувано Епл, а по некое време и Гугл, ја шутнаа Фортнајт од Ап стор, односно Гугл Плеј.

Идентично како што беше очекувано Епик поднесе анти-монополска тужба против Епл и Гугл.

Тоа што беше помалку очекувано е што Епик паралелно започна и #FreeFortnite кампања, која стартуваше со видео налик легендарната „1984“ реклама на Епл.

 

14 август 2020 - 15:54