Бројките за заработувачката на Сноуден се од американските власти, а парите ги има направено од надоместоци за зборување на најразлични конвенции. Според американските власти ова се пари од 67 негови настапи, главно преку Скајп.
Тука се и парите што Сноуден ги има заработено од неговата книга „Permanent record“. Американските власти немаат намера да ги запленат парите на Сноуден од авансот што го добил од книгата, но затоа ги бркаат парите од продажбата на книгата.
Првиот платен говор на Сноуден е од 16 септември 2015, и е за ЦСЛА, брокерска компанија од Хонгконг, која за оваа чест платила 50.000 долари. За говорот што го држи за Дојче телеком на 19 мај 2020, Сноуден заработува 10.000 долари.
За целото ова време американската влада во повеќе наврати го „кани“ Сноуден да се врати назад и да се соочи со обвинувањата. Во нешто што наликува на грешка во Матриксот, администрацијата на Обама бараше тој да се врати и да излезе пред суд, додека Трамп пред некое време изјави дека размислува за помилување на Сноуден.
Правни аналитичари објаснуваат дека заради начинот на кој се поставени обвиненијата против Сноуден, тој речиси и нема шанса да се одбрани.
„Законот по кој е обвинет Сноуден не прави разлика меѓу споделување информација со медиумите во интерес на јавноста, и продажба на тајни на странски непријател.
Законите не му даваат шанса да каже дека информациите воопшто не ни требало да бидат скриени од јавноста,“ објаснува адвокатот на Сноуден и член на Унијата на американски граѓански слободи, Бен Визнер.
Плус ако се врати во САД, „Сноуден би можел да се соочи со неброени дополнителни обвиненија“, и дека тој би можел да биде суден поединечно за секој еден од илјадниците документи што ги објавија.