Разорната експлозија во Бејрут од 4-ти август уништи или оштети илјадници објекти, меѓу нив и локалната биртија Ле Шеф на која Ентони Бордејн ѝ посвети дел од емисијата снимена во тој град.
Режисерка и новинарка стартуваа GoFundMe иницијатива за собирање средства за обнова и повторно отворање на ресторанчето кое постои од 1967 година и е познато по топлата храна, уште потоплото гостопримство и карактеристичното „Добредојде“ на газда Шарбел Базил.
Таргет било да се соберат 15.000 долари а во име на Бордејн, Расел Кроу донирал третина од потребната сума која се собрала за кратковреме а и натаму стигаат донации за помош на персоналот и обнова на бејрутскиот „Камин Чамо“.
„Сигурен сум дека и Ентони ќе го стореше истото да беше меѓу нас,“ пиша Гладијаторот.
Самиот Бордејн призна дека неговата посета на контрастниот Бејрут во 2006-та година било трансформативно искуство а емисијата беше номинирана за Еми.
Ентони Бордејн, No Reservations, Бејрут: