Се работи за убедливо најголемата лабораторија во Холандија која дневно можела да произведе и да пушти во оптек 150 до 200 килограми кокаин. Количината произведена за 24 часа има улична вредност од 4,5 до 6 милиони евра.
Заедно со опремата (меѓу која и најмалку 6 бетономешалки), репроматеријалите и произведената залиха, уапсени се и 17 лица.
Од репроматеријали во некогашната штала за коњи биле откриени 100 килограми кокаинска база. Како дел од операцијата на друга локација откриени се и 120 тони „носечки материјал“, главно текстил и облека на кои кокаинот може да се „врзе“, а подоцна кога ќе стигне на посакуваната дестинација да се отстрани со помош на хемиски процес.
Меѓу 17 уапсени е и 64-годишниот сопственик на објектот, а најголемиот дел од притворените се со колумбиски пасоши.