Се работи за застарена верзија на документ на кој се работи во институтот, објаснуваат од институтот.
Во текстот со наслов „Пандемијата во Германија во претстојните месеци“ се тврдеше дека „прелиминарните проекции покажуваат дека една од неколкуте вакцини е можно да е достапна до есента 2020“.
Моментално РКИ (Институтот) се дистанцира од ваквите прогнозирања, кое им се случува во ист ден кога Германија го има најголемиот скок на нови дневни случаи од 9-ти мај годинава.
Што се однесува на руската вакцина, германскиот министер за здравство е скептичен објаснувајќи дека според нивни сознанија таа не е доволно тестирана, а и руските власти не биле ни приближно доволно транспарентни околу истражувањето и методите на тестирање.