Церера, океанска планета

Џуџестата планета за која до сега се веруваше дека е камена пустелија, по последната мисија на НАСА излезе дека е „океански свет“ со „обемен резервоар“ на морска вода под површината.

Церера е најголемиот објект во астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер и има сопствена гравитација, што овозможи вселенското летало на НАСА доволно да се приближи и да направи фотки од висока резолуција од површината на планетата.

Фотографиите препратени од вселенското летало се анализирани од европски и американски научници, кои се фокусираат на 20 милиони години стариот Окатор кратер и заклучуваат дека под неговата површина има „обемен резервоар““ на солена вода.

Користејќи инфрацрвена технологија еден од тимовите научници откриле присуство на хидрохалит, материјал кој е чест кај морскиот мраз меѓутоа никогаш до сега не е сретнат надвор од планетата Земја.

Научниците тврдат дека резервите сол се натрупале во изминатите 2 милиони години, што значи дека солената вода и понатаму може протекува од внатрешноста на планетата.

Ова ги возбудува научниците заради длабоките импликации што откритието ги има за идните студии, бидејќи „материјалот откриен на Церера е екстремно важен во смисла на астробиологија, а веќе знаеме дека овие минерали се клучни за појава на живот“.

11 август 2020 - 10:44