Здравствените авторитети веруваат дека вакцината е еден од двата начина за излез од глобалната криза (другиот е да си прележуваме коронавирус еден по еден). Но, таквото враќање кон нормализација на животот е можно само доколку доволен број луѓе се вакциниират за да се обезбеди колективен имунитет. Дилеми околу тоа колкав процент на имунизирани е доволен за да се заузда епидемијата и натаму има (види: Ајде малку да си се тешиме околу имунитетот).
Но, дури и да го дочекаме моментот да имаме ефикасна, безбедна и достапна вакцина, ќе се отвори проблем кој тоа ќе сака да го прими, со оглед на излуденоста околу ова прашање разгорено од социјалните мрежи.
Во САД во моментов секој трет не би. Меѓу другото, поделени се по стандардните партиски линии - 81% Демократи би се вакцинирале но меѓу Републиканците ни половина (47%). Независните/ неутралните се на 59% расположеност за вакцинирање.
67% од белите Американци би се вакцинирале но кај не-белите тоа е за десет процентни поени помалку. По возраст, најголема расположеност има кај најмладите и најстарите. Првите со 76%, вторите со 70%. Проблематични се средовечните меѓу 30 и 49 (64%) и оние 50-64 (59%).