Бројките на министерството за труд покажуваат дека најмногу пари се исплатени за неделата што завршува на 26 јуни, кога на невработените им се поделени 18,6 милијарди долари, што е еднакво на 31 милион исплати од по 600 долари.
Правилата на помошта беа дека секој што е ставен на привремено отсуство или му се намалени дневните работни часови, неделно добива по 600 долари помош од државата згора на помошта за невработени што ја добиваат од матичната сојузна држава.
Овие 600 долари неделно секнаа на 31-ви јули, а Трамп во саботата потпиша нова извршна наредба со која тие се преполовуваат на 300 долари неделно, плус обврска за секоја сојузна држава да исплати дополнителни 100 долари неделно.
Економистите пресметале дека благодарејќи на пакетот помош (од по 600 долари), приходите на домаќинствата во јуни биле повисоки отколку во февруари, кога пандемијата се уште не беше толку раширена во САД.
Нивната процена е дека овие 600 долари неделно не пишманиле голем број од работниците да се вратат на работа, меѓутоа стравот е дека ако делењето пари продолжи до следната година, тоа ќе ги обесхрабри Американците да се вратат на пазарот на труд.