
Во 17:54 против-пожарната станица добива повик за пожар на пристаништето. Тимот веднаш напушта, со противпожарна кола и амбуланта. Локацијата е на само 2,5 километри оддалеченост, па водот 5 за 8 минути стигнува до местото на пожарот.
Роднините на загинатите објаснуваат дека никој не им кажал што имало во магацинот и дека пожарникарите мислеле дека во прашање се житарки, а не амониум-нитрат.
„Немаа никаква шанса,“ вели репортерката на Би-би-си која известува за кобниот ден на водот 5.