Најголемиот дел од луѓето завршиле на црната листа откако пиеле метанол или производи за чистење базирани на алкохол. Сето ова заради нивното верување дека тие производи се лек за вирусот.
Добар дел од жртвите следеле информации кои звучеле „медицински издржано“ како консумирање огромни количини лук или внесување на поголеми количини витамини, како начин за спречување на заразата. На листата има и такви кои верувале дека спасот од ковид-19 (ако тоа е спас) ќе го најдат во пиење урина од крава.
Студијата објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, не ги обвинува колку што им префрла обврска на меѓународните агенции, владите и социјалните медиуми да се борат против „инфодемијата“, притоа критикувајќи ги овие последните за тоа колку биле бавни и неподготвени да одговорат на проблемот.
Сосема одделна истрага на Би-би-си, открива како дезинформациите на интернет, на пример во Индија довеле до напади од толпи, а во Иран до масовно труење. Посебна папка од штетите причинети од социјалните медиуми се измамниците кои успеваат да заработат од пандемијата продавајќи секакви производи за кои тврдат дека успешно го поразуваат вирусот, меѓу кои и „минерални чудотворни суплементи, кои, реално, се разредена варикина“.