Торонто падна на стриптизети?

Канадската метропола дозволува повторно отворање на еден од најпознатите стриптиз клубови во центарот на градот. Неколку дена подоцна 550 луѓе што го посетиле клубот се сомничат дека се изложени на ковид-19.

Се работи за Brass Rail Tavern, а осомничен заразен е еден вработен/а кој според градските власти работел 4 смени во клубот, без да појаснат што точно работел.

Здравствените власти веќе почнаа да ги бараат и информираат посетителите на клубот дека постои опасност да се заразиле со ковид-19, меѓутоа имаат сериозни проблеми бидејќи се претпоставува дека над половина од посетителите на врата оставиле лажни лични информации.

Сега властите објаснуваат дека стриптиз клубот не ги спровел правилно мерките за дистанцирање меѓу вработените и гостите, и дека не се користеле плексиглас бариери.

Властите исто така жалат што потенцијално ќе расипат нечија врска затоа што ќе треба да ги известат сите посетители дека ќе треба да одат во карантин затоа што биле на стриптиз.

Објаснувањето што толку било зорт да се оди на стриптиз веднаш по олабавување на мерките за дистанцирање е оставено на (фантазијата на) секој од посетителите.

17 август 2020 - 12:57