Воен ветеран осуден на доживотен затвор за продавање дрога вредна помалку од 30 долари наскоро ќе биде пуштен од затвор. Колку лежел- лежел. А лежел цели девет години.
Дерек Харис бил уапсен во 2008 кога пробал на полицаец во цивилка да му продаде 69 грама марихуана. Првично бил осуден на 15 години затвор за во 2012 казната да му биде преквалификувана во доживотна робија, според законот Habitual Offender Law кој остава можност за големи казни за повратници.
Адвокатите сега успеваат да го извадат на слобода докажувајќи дека немал соодветна адвокатска поддршка кога бил осуден на доживотно а и дека не се работи за никаков нарко-бос туку за човек кој станал проблематичен откако се вратил од служење армија во операцијата „Пустинска бура“ која беше американски одговор на нападот на Ирак врз Кувајт.
За разлика од него, спомнатиот Брајант ќе остане доживотно зад решетки заради обид да украде комплет од три градинарски ножици, за што веќе лежи 23 години (види овде).
Законот „три корни пенал“ е дел од кривичниот закон донесен во 1994 година со кој Демократите сакаа да им покажат на Републиканците дека и тие се жестоки кон криминалците. Претседател на САД беше Бил Клинтон, јавен обвинител Џенет Рино, во подготовка на законот учествувал Џо Бајден а поддршка имал и од Камала Харис.
По донесувањето на законот, стапката на робијашка популација во САД продолжи да се качува следните 14 години.