Суспензија заради ругање на задолжителните маски

Откако на демонстрации во Дортмунд против ковид-19 правилата за хигиена го критикува носењето маски и слични мерки кои се во тек, припадник на тамошната полиција завршува на клупа за резерви со суспензија од работа.

Човекот, според неговото претставување пред демонстрантите, е детектив супервизор во полицијата во Хановер. Тој е на 57-годишна возраст, а и брат му и татко му исто така се во полиција.

Во говорот на демонстрациите тој ги повикува колегите полицајци „да ја следат сопствената совест кога е во прашање спроведувањето на мерките, а не слепо да следат наредби.“ 57-годишниот полицаец дури го споредил животот во време на пандемија со животот во нацистичка Германија.

„Во најмрачното поглавје на нашата германска историја, владетелите ги потчиниле нивните безбедносни сили на безусловна послушност и ги злоупотребиле за најужасните злостори што некогаш биле извршени врз други луѓе. Мојата интуиција ми кажува дека работите сега повторно одат во ист правец,“ порачал полицаецот.

Амандман на ова имаат германските власти, па портпарол на министерството за внатрешни работи на Долна Саксонија порачал дека за полицајци кои не го почитуваат владеењето на правото нема место во полицијата, и дека полицајците имаат право да го изразуваат своето мислење, меѓутоа важно е своите лични убедувања и службеното однесување да ги држат одвоени.

Суспензијата на полицаецот што се крена против маските и дистанцирањето ќе трае 3 месеци.

12 август 2020 - 10:56