Вести

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Речник

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Европа труби: Војна! Војна! Војна!

Западните елити со години го плашат народот дека ќе има војна со Русија до 2030 или некоја друга година. Ниту еден министер за одбрана, началник на Генералштаб, директор на разузнавање, ниту еден шеф на влада во изминатите четири години не кажал: „Ќе има мир!“. И никој не вели дека има конкретни закани од Русија, туку со елегантна реторика манипулира со претпоставки.

Њујорк брише мајка и татко, воведува „родител кој раѓа“ и „родител кој не раѓа“

Демократските власти во Њујорк ги бришат термините „мајка“ и „татко“ во официјалните документи во сојузната држава и ги заменуваат со идеолошки прочистените изрази „родител што раѓа“ и „родител што не раѓа“. „Татковство“ станува родово неутрално „родителство“, а биолошките татковци што не презеле родителска одговорност стануваат „наводни родители“.

Израел тајно го напаѓал Иран и од Азербејџан

Елитни израелски специјални сили, спасувачки трупи и оперативци на Мосад дејствувале од локации во Азербејџан близу северната граница на Иран заради собирање разузнавачки информации, рано откривање на лансирања ракети, операции со беспилотни летала и спасувачки мисии. Израелски бази тајно биле поставени и во Ирак, Емиратите и во Сомалија.

Антропик: Запрете ја ВИ пред да мутира како вирус

Вештачката интелигенција се приближува до критично ниво во кое може самата да се надградува без контрола од луѓето. Ова не е апокалиптично предупредување од некој скептик, туку од Антропик, водечката компанија за развој на ВИ. Ја повикува целата индустрија да го запре развојот пред да се изгради заштитен бедем од неконтролирано мутирање.

Нова главоболка за Путин - Чеченија

Путин е на многу маки. Украински дронови напаѓаат се подлабоко на руска територија, економијата е под притисок од долгогодишни санкции, но во позадина се појавува нов проблем - во регионот што во 1999 година му помогна да дојде на власт во Кремљ. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е сериозно болен и борбата кој ќе го наследи може да ѝ отвори нов фронт на Русија.

Колеџи во САД ја преминаа границата од 100.000 долари за школарина

Со цените најавени за академската 2026-27 година, некои од најскапите американски колеџи ќе ја преминат границата од шестцифрена сума за школарина, сместување, храна и задолжителни такси. Кога ќе се додадат разни трошоци како што се книги и превоз, фиксните цени за студирање на најмалку 16 факултети веќе ја надминаа границата од 100.000 долари.

Прва вакцина создадена од вештачка интелигенција

Истражувачи од Кембриџ ја претставија првата вакцина целосно дизајнирана од вештачка интелигенција, за заштита од сите видови коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на ковид. Тестирана е на луѓе и покажала скромни ефекти, но без несакани појави. Тимот веќе користи ВИ за развој на универзална вакцина за сезонски грип, за птичји грип и за ебола.

Рибите се за во вода, птиците за на небо, децата за во кал

Во Финска сакале да тестираат што се случува со здравјето на децата ако бетонот, павер елементите и пластиката во нивните градинки се заменат со вистинска природа? Ископале сегменти од шумска површина и ги преместиле во урбани градинки. Распослале трева, додале жардиниери каде што децата саделе и одгледувале растенија, донеле блокови тресет за качување и копање. Почекале па на децата им направиле тестови на крвта.

Што градат Џаред Кушнер и Иванка Трамп на албанскиот остров?

Кушнер на албанскиот остров Сазан сака да гради одморалиште од 1,4 милијарди долари во поранешна советска база на подморници. Договорот е посредуван на јахта на Ротшилд,  финансиран е од суверено богатство од Заливот и опкружен е со социјалната мрежа на Епстин. Со 10.000 соби и вили, Сазан би бил мал изолиран град во приватна сопственост.

Трамп очајно бара подобар договор со Иран од оној на Обама

Откако почна да губи во војната против Иран која ја почна преценувајќи ги сопствените сили, Доналд Трамп очајно се труди да изнајде „големо финале“ за да се извлече. Но, сите договори што ги предложил се послаби од оној што го постигна Барак Обама во 2015 година. Војната само му ја влоши позицијата – Иран сега е посилен, а Вашингтон со секој ден е се послаб.

Белиот Џорџ Флојд повторно ја вознемири Британија

Објавувањето на полициската снимка од убиството на 18-годишниот Хенри Новак пред шест месеци поттикна нови протести низ Саутемптон. Убиецот ја повикал полицијата и се претставил како „жртва на расистички напад“. Полицајците му ги врзале рацете на прободеното момче и не му помогнала иако на снимката девет пати се слуша како повикува „Не можам да дишам!“.

Не е за верување што прави Брисел со Балканот 20 години

„Односите меѓу Брисел и Западен Балкан се едноставни. Тие се преправаат дека искрено спроведуваат реформи, ние се преправаме дека им веруваме“. Ова пред 20-тина години, на искусен хрватски дописник му го кажал еден од највисоките функционери на Европската комисија. Од тогаш се изгубија 20 години и ништо не се смени, освен што се појави уште едно преправање, сега во обратна насока.

Примирјето е мртво, САД ја губат војната

Војната со Иран требаше да ја демонстрира американската моќ. Три месеци откако САД тргнаа да го соборат иранскиот режим и да ја уништат нуклеарната програма, режимот е уште посилен и поцврсто решен да развива нуклеарно оружје. Единствената разлика е што Ормускиот теснец е затворен. Колку подолго трае војната, толку повеќе наликува на поразот на САД во Виетнам.

Лидерите на ВИ бараат построги мерки против вештачки генетски материјал

Лутите противници од врвните компании за вештачка интелигенција се здружија во предупредувањата дека технологијата што самите ја развиваат може да им помогне на терористи да создадат биолошко оружје. Од Конгресот на САД бараат да воведе строга контрола на синтетизиран генетски материјал, која напредната ВИ може лесно да го направи убиствен.

Како Епстин го урна имиџот на Бил Гејтс

Армија стилисти, аналитичари и пи-ар експерти со години се грижат за беспрекорниот имиџ на Бил Гејтс и помогнаа да биде прогласен за најпочитуван човек на светот. Гласините за врските со Џефри Епстин ги оправдувале со „филантропија“. Отворањето на досието Епстин ги уништи сите напори да се спаси имиџот на милијардерот. Сега повеќе не го канат ни на настани на Микрософт.

Како бумерите ја зафркнаа Европа

Европските бејби-бумери наследија континент кој се обновуваше по војната. Усвоија системи на дарежливи пензии, потпирајќи се на демографските трендови кои оттогаш исчезнаа. Денешните баби и дедовци зад себе оставаат континент на кој му треба ремонт по штетата што тие самите ја предизвикаа. И не се гледаат големи шанси дека овој систем брзо ќе се промени.

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Кинеските ловци девет пати во низа ги победиле најдобрите европски авиони во симулирани дуели. Резултатот од 9-0 се прифаќа со блага резерва, но сепак претставува успех за кинеската воздухопловна индустрија, која продава ловци на Блискиот Исток. Ништо ново за еурофајтерите, со кои се опремени европските земји од НАТО. Тие редовно губат и од американските Ф-35.

Израел тивко охрабрува напади врз христијаните

Израелски војник со токмак удира во статуа на Исус. Друг со булдожер урива статуа на Свети Ѓорѓи. Доселеник турка и клоца калуѓерка на улица во Ерусалим. Нападите врз христијани во Израел достигнаа критична ниво, но обично поминуваат неказнето како „изолирани инциденти“. Тоа уште повеќе охрабрува религиски екстремизам кон сите што не се од „избраниот народ“.

Трамп сака да ја замолчи администрацијата

„Најтранспарентна“ администрација на Трамп им забрани на новинари пристап до Пентагон, спроведе полиграфски тестови за да открие протекување информации и ги отпушти независните инспектори за лов на корупција. Сега најави уште еден обид да го спречи слободниот проток на информации - сите федерални работници да потпишат договор за неоткривање информации.

Гигантите на ВИ се вртат кон хуманоидни роботи

Силиконската долина помина неколку години учејќи ја вештачката интелигенција да зборува. Најголемите компании сега сакаат да ѝ дадат тело за да крева, сортира, да гради и да влезе по домовите. Лаборатории се тркаат да изградат хуманоиди, специјализирани роботи и софтверски мозоци што би ги наведувале автономно во реалниот свет.

Доаѓа нафтена криза

Трамп помина три месеци во обиди да го натера, да го поткупи или да го бомбардира Иран за да го отвори Ормускиот проток, кој практично самиот го затвори со безумното објавување војна. Непријатната реалност е дека алатките што сега ги има на располагање или се премногу бавни за да бидат важни, или се премногу скапи за да се употребат или веќе се испробани и неуспешни.

Во Германија затворија 65.000 дуќанчиња

Бројот на мали дуќани во Германија драстично се намалил во изминатите две децении. За тоа постојат низа причини, но главната е конкуренцијата од големите и побогати продавници. Сопствениците сè почесто банкротираат, но страда и целиот град, кој го губи својот идентитет, паралелно со поскапиот живот и огромниот скок на криминалот.

Медицинско киднапирање во Канада е легално

Николас Вагтер познат и цититан автор и доктор по биофизика. Според канадските закони за психијатриска интервенција бил насилно приведен откако стана премногу гласен за институционалната корупција, заштитата на патентите и сомнителните механизмни во финансиските системи. Канадската влада го замолчи со насилно примање во психијатриско одделение.

Ако иднината се електричните коли, лидерот е - Етиопија

Електричните коли полека пуштаат корени во Етиопија, првата земја во светот што забрани увоз на возила со погон на фосилни горива. Потегот беше логичен. Сиромашната земја со 140 милиони жители купува скапа нафта, а има струја и за извоз. Ова се покажа особено полезно откако војната во Иран го запре извозот на гас и нафта и предизвика глобална енергетска криза.