Вести

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Реакција на филмот „NAZA“:

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Речник

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Госпожа, усул малку

Кинеската функционерка која се прослави по тоа што 58 вработени во нејзиниот кабинет и биле љубовници и плус правела друга аванта, доби затворска казна од 13 години, плус ќе треба да плати глоба од 140.000 долари.

И од еднаш се станува

Повеќегодишна вегетаријанка десет години не сакала да пипне месо од етички причини. Сета таа увереност паднала во вода за време на бременост кога станала анемична а телото почнало да ѝ бара нешто друго од она што стандардно го јаде. Пробала бургер и веднаш се навлекла. Денеска е месар. 

Филипинската потпретседателка јавно најави дека ќе го убие претседателот

Потпретседателката Сара Дутерте нема ништо лично против својот шеф, меѓутоа јавно порача дека во случај таа да биде убиена има однапред договорено да биде убиен претседателот, неговата сопруга и претседателот на Претставничкиот дом на Филипини.

Американец сака да го купи Северен тек 2

Инвеститор од Мајами, со минато на успешни зделки со Русија, побарал од американската влада да му дозволи да наддава за Северен тек 2 доколку тој биде понуден во швајцарската постапка за банкрот за компанијата зад гасоводот.

Драги уролози, брцавте што брцавте

И да ја игногираме нелагодноста која мажи ја чувствуваат околу прегледот на простата кој се изведува „така како што се изведува“, екстремно чудно е што на онака развиена и софистицирана медицинска технологија од секаков вид, врвот на прстот на еден уролог останува негова најсигурна дијагностичка алатка. На радост на оние мажи за кои она позади е излез а не влез, на повидок се промени во оваа област.

Жени умираат заради нереалистични кукли

Повеќето CPR кукли на кои луѓе се обучуваат давање прва помош немаат гради (облик на торзо кое во народните песни е опишано како „твојта рамна снага“), што во крајна линија доведува до тоа жените да имаат помала веројатност да добијат прва помош за спасување од случајни минувачи и така да преживеат инфаркт. Незгодно им е на луѓето да пипкаат.

Зеленски почна друго да зборува

Промената на тонот од украинскиот претседател почна да станува забележлив по американските избори и сега тој изгледа подготвен да се спогоди и за помалку отколку претходно, пишува британски Телеграф.

Бараат 500? Пиши 300

На историската Париска климатска конференција од 2015-та година, најбогатите држави на светов, воедно и оние кои најмногу прават бељи на климата, им ветија на сиромашните дека ќе им даваат 100 милијрди годишно за да се справат со последиците од климатската криза. Таа цел никогаш не беше докрај исполнета. Ама затоа сега им ветија 300 милијарди.

Украина и Полска ги поврзува само Русија

Помина времето кога Зеленски во Варшава зборуваше за полските и украинските срца кои чукаат заедно и најавуваше дека меѓу двете земји наскоро ќе нема ни економски ни политички граници. Напнатоста меѓу двете земји во последно време постојано расте на разни теми а единственото што уште ги држи заедно е стравот од Русија.

Воскресе, ВИстина воскресе

Во црква во Луцерн, Швајцарија, во просторијата за исповед, отаде онаа решетка што постои меѓу  верникот и свештеникот, од пред некое време свети Исус. Не само што свети туку и внимателно слуша што се кажува во кабината и попат одговара на љубопитни прашања. Се работи за Исус на погон на вештачка интелигенција. Верници би рекле, си го бараат со боринче.

„Азербејџански гас“

Договорите што Европската унија упорно ги потпишува со Азербејџан за снабдување со природен гас, како замена за рускиот гас, на крај пак завршуваат во корист на Русија, пишува Политико.

ЕУ се чувствува нешто храбра

Европската унија ќе бара од кинеските компании да ја префрлат интелектуалната сопственост за автомобилските батерии врз европски компании, доколку сакаат да добијат субвенции од Унијата.

Не, уште немаме расчистено за потеклото на ковидот

Во пандемијата беше богохулење да се помисли а камоли каже дека во тој вирус можеби има замешано човечка рака (со прилично практични последици, како што е блокирање на социјални мрежи, етикетирање како луд теоретичар на завери, руски човек...). Првата официјална истрага покажа дека веројатноста е пола- пола. Денес се открива дека притоа не биле земени предвид сите важни документи. 

Што се знае за суперсоничната руска ракета?

НАТО и Киев закажаа средба за да се види што ќе се прави откако Русија покажа заби (откако Киев нападна длабоко во Русија со американски Atacm и британски Storm Shadow, откако Русија влезе во Украина, откако НАТО посака да се прошири до руските граници во Украина, откако....). Западни извори гатаат дека Русија веројатно има само неколку такви.

Ребрендирањето на Јагуар е симбол на паниката на авто-индустријата

Како што тргна, Јагуар е на пат да му го одземе на Бад лајт првото место за најкатастрофална маркетинг кампања во историјата, која требаше да биде почеток на комплетната трансформација на иконскиот британски бренд.

Непријателот на мојот непријател е Роберт Ф. Кенеди

„Сите тие - бирократите за јавно здравје, лажните научници кои цицаат пари од грантови, фармацевтската и прехранбената индустрија - мора да бидат казнети, а Роберт Ф. Кeнеди е човекот што ќе го направи тоа“, пишува Ен Култер, потсетувајќи на досега направените штети поврзани со ковидот, кикириките, операциите за промена на пол кај децата... 

Како топлиот дом ќе стане луксуз

Политичарите обожаваат да позираат како спасители на планетата и прилично добро им оди таа поза, од проста причина што нивните благородни идеи ги плаќа некој друг. Во Лондон имаат две решенија за еден проблем со парното. Поевтин и поскап. Политичарите решаваат дека поскапиот е најевтин.

Бегалците од Твитер ја преплавија новата платформа со барања за цензура

Медиумите деновиве ја пумпаа приказната дека од Твитер се случува егзодус и дека незадоволни од атмосферата, масовно се заминува на новата омилена платформа на прогресивните - Bluesky. За баговите во таа приказна пишувавме во „Колку пати едни исти луѓе можат да го напуштат Твитер?“ Но, има тука уште нешто интересно. Оние што навистина заминааа на Блускај, со себе ги донесоа и своите навики - да кенкаат.

Ковид-19 потекнува од лабораторија во Северна Каролина?

Поранешниот директор на ЦДЦ од времето на Трамп, Роберт Редфилд, верува дека ковид-19 е создаден во лабораторија во Северна Каролина, како дел од тајна програма за биолошка одбрана.

Мамо, кој чука на порти? Орвел, ќерко, Орвел

Познатата британска феминистичка писателка Џули Биндел влезе меѓу оние на кои полицијата им тропнала на врата за, како што се испостави, една од анонимните поплаки за „злосторство од омраза“ со кои се гонат објави на социјалните мрежи. Интересно во нејзиниот случај е што не можела да дознае конкретно што и конкретно кому тоа му згрешила.

Американскиот суд ќе го дели Хром од Гугл?

Доколку судијата се согласи со предлогот на американското Министерство за правда Гугл да мора да го продаде Хром како бизнис, интернет пребарувачот може да достигне цена од 20 милијарди долари.

Светската банка не знае каде и се 24 милијарди долари од зелената агенда

Лошото сметководство и водењето есап од страна на Светската банка довело до зијан од 24 до 41 милијарда долари, покажала истрагата на Оксфам.

Човекот кој моли да копа по депонија

Покрај оној легендарен „пица бој“ лузер од Флорида кој си купил пица со биткоини кои денес вредат стотици милиони долари, Њупорт во Англија има свој еквивалент. Случајно го фрлил хард дискот на кој имал биткоини кои денес вредат преку 500 милиони фунти. Цела деценија го моли градскиот совет да му даде дозвола да копа по депонијата а и процент им нуди. Не па не.  

Трамп ќе користи и војска за масовни депортации

Масовната депортација на илегални мигранти беше едно од клучните предизборни ветувања на новоизбраниот претседател за кое вети дека ќе почне да го реализира уште првиот ден во Белата куќа. За да оствари таква операција ќе му треба војска. А за да може да користи војска, ќе треба да прогласи вонредна состојба која му дава право да ангажира американски војници дома.