Во август истиот овој судија одлучи дека Гугл нелегално го монополизирал пазарот на пребарување. Сега Министерство за правда од него ќе побара да преземе мерки поврзани со вештачка интелигенција и Андроид.
Сопственоста на Хром е клучна за бизнисот со реклами на Гугл и и дозволува на компанијата да ја следи активноста на сите свои најавени корисници и во согласност со тоа подобро да ги таргетира со резултати и реклами.
Гугл исто така го користи Хром за да ги насочи корисниците кон своите ВИ производи како Џеминај.
Доколку продажбата за комплетира, се очекува Хром да вреди најмалку 15 до 20 милијарди долари, имајќи предвид дека има над 3 милијарди активни корисници месечно.
Колку потенцијалниот купувач ќе биде волен да плати се проценува дека ќе зависи „од неговата способност да го поврзе Хром со други сервиси“, бидејќи браусерот не може директно да се монетизира „туку служи како порта кон други работи.“
Инсистирањето на продажбата на Хром е затоа што тој е најкористениот интернет браусер на светот и „претставува клучна точка на пристап преку која голем број луѓе го користат пребарувачот на Гугл“.
Првично американските власти бараа Гугл да го продаде и Андроид за да се намали неговиот монопол врз пазарот на пребарување, меѓутоа подоцна ова барање беше повлечено.