Се сеќавате ли кога Ентони - Науката, тоа сум јас“ Фаучи се појави на конгресните сослушувања носејќи дупла маска, знаејќи многу добро дека маските не го спречуваат преносот на ковид?
Со такво лидерство, поголемиот дел од земјата доброволно или принудно, цело време се шетаа маскирани - внатре, надвор, на игралишта, плажи и велосипеди. Јаслите ги мачеа доенчињата ставајќи им маски а по авиони избиваа тепачки затоа што владата од стјуардесите бараше да ги натераат сите постари од 2 години да носат маска.
До денес, сè уште некаде ги гледате маркерите за „2 метра растојание“ на подовите на аеродромите, поштите и владините згради, спомени од измисленото правило за дистанцирање, кое, според Фаучи „од некаде само се појавило“. Тие се како черепи од френологија или храмови за човечките жртви на Ацтеките - артефакти на еден бизарен и дискредитиран систем на верување.
„Сите тие - бирократите за јавно здравје, лажните научници кои цицаат пари од грантови, фармацевтската и прехранбената индустрија - мора да бидат казнети, а Роберт Ф. Кeнеди е човекот што ќе го направи тоа“. пишува Ен Култер.
Наспроти 100 години научно знаење, Фаучи тврдоглаво го минимизираше природниот имунитет. Иако студиите постојано покажуваа дека претходна инфекција од ковид обезбедува подобра заштита од вакцината - тоа и во ЕУ го признаа - американските државни „експерти“ препорачуваа повторени вакцини за здрави млади луѓе, на возраст од 5 години па нагоре, и покрај тоа што се соочуваат со речиси нула ризик од ковид а со сериозни ризици од вакцината, како што се анафилакса, миокардитис, перикардитис и/или рана смрт, потсетува таа.
Очигледно - фала им на Шведска и Флорида - неистомислениците беа 100% во право, додека Фаучи и остатокот од нашата здравствена бирократија беа 100% грешка.
Во тоа време, главните автори на Декларацијата на Големиот Барингтон од Харвард, Стенфорд и Оксфорд, декларација која беше против универзални карантини и наместо тоа, фокусирање на заштита на ризичните групи, беа валкани како „маргинални епидемиолози“ и ставани на црните листи на социјалните мрежи, со согласност на федералната влада.
Не е само тоа што овие експерти потфрлија спектакуларно туку и никогаш не се извинија.
На Фаучи му биле платени речиси 5 милиони долари за мемоари за неговото „патешествие во јавната служба“а Френсис Колинс, тогаш прв човек на Националниот институт за здравје, удри на песна.
„Човекот е полуд од личниот тренер на Лизо“, пишува Култер.
Иако не се споредува со тортурата воведена од ковид автократите, таа потсетува дека до ден-денес, сите големи медицински здруженија го поддржуваат труењето и менгелеевско осакатувањето на адолесценти кои мислат дека се од спротивниот пол. Со сè Американското медицинско здружение и Американската академија за педијатрија.
„Ова ќе биде најмалку втората медицинска катастрофа што ѝ ја нанесе на земјава Педијатриската академија. Истите тие генијалци сами ја создадоа епидемијата на алергија на кикиритки. Врз основа на чисти шпекулации - не на истражувања или студии - во 2.000-та година, академијата почна да препорачува деца под 3 години да не консумираат производи од кикирики со цел да се намали можноста за нивно развивање алергија на кикиритки. А обратно е. Студиите - да, на крајот беа извршени вистински студии - подоцна покажаа дека доенчињата изложени на кикирики пред 3-годишна возраст, имаат 86% помали шанси да развијат алергија на кикирики отколку оние кои ги пазеле од тоа. Само затоа што неколку педијатри имаа претчувство, бројот на деца што завршија на итна помош алергија на кикирики се зголеми тројно од 2005 до 2014 година. Денес околу 1 од 18 американски деца имаат алергии на кикирики“.
Колумнистката вели дека големите здравствени институции треба да ги водат вистински научници како Џеј Батачарја и Мартин Кулдорф (од Декларацијата на Големиот Барингтон), но, на врвот, надгледувајќи го целиот јавно-здравствен апарат е неопходен некој чиј пристап е воден од целосен презир кон арогантните „здравствени“ бирократи кои ѝ нанесоа огромна штета на земјата.