Филипинската потпретседателка јавно најави дека ќе го убие претседателот

Потпретседателката Сара Дутерте нема ништо лично против својот шеф, меѓутоа јавно порача дека во случај таа да биде убиена има однапред договорено да биде убиен претседателот, неговата сопруга и претседателот на Претставничкиот дом на Филипини.

За пораката веднаш е информирана и претседателската гарда иако не е јасно што точно таа ќе преземе против потпретседателката, освен тоа што веднаш е подигнато нивото на заштита.

Сара, ќерката на Родриго Дутерте, подоцна се обиде да ја повлече својата изјава, објаснувајќи дека тоа не било закана туку само била загрижена за својот живот.

Фердинанд Маркос јуниор и Дутерте заедно се кандидираа во мај 2022, како претседател и потпретседателка, со кампања за национално единство. Како што мина време, двајцата имаат се повеќе несогласувања околу клучни прашања. Во јуни Дутерте поднесе оставка во владата на Маркос на позицијата секретар за образование.

Последната изјава следуваше откако Претставничкиот дом донесе одлука за апсење на шефот на кабинет на Сара, Зулеика Лопез, под обвинение за попречување на конгресна истрага за злоупотреба на буџетот од страна на потпретседателката.

25 ноември 2024 - 15:26