Не, уште немаме расчистено за потеклото на ковидот

Во пандемијата беше богохулење да се помисли а камоли каже дека во тој вирус можеби има замешано човечка рака (со прилично практични последици, како што е блокирање на социјални мрежи, етикетирање како луд теоретичар на завери, руски човек...). Првата официјална истрага покажа дека веројатноста е пола- пола. Денес се открива дека притоа не биле земени предвид сите важни документи. 

Документите за федерални грантови кои содржеле предлог за создавање вирус како оној што предизвика ковид можеби биле погрешно класифицирани од Министерството за одбрана, што довело до „фалц“ истрага за потеклото на пандемијата од страна на американските разузнавачки агенции. 

Свиркачот е морнаричкиот полковник Џозеф Марфи, кој сега води воена лабораторија во Вирџинија. Тој откри дека постои некласифициран предлог за грант, познат како „Проектот DEFUSE“ (кој во меѓувреме стана клучен доказ за сомнеж дека ковид е конструиран во кинеска лабораторија), но, тој план воопшто не бил вклучен во извштајот за потеклото на пандемијата, изготвен од националното разузнавање по барање на претседателот Бајден. 

Се работи за барање за грант на непрофитната организација Еко Алијанса од Њујорк, за минимизирање на заканата од коронавируси кои ги пренесуваат љиљаците. Не добиле пари, но Роберт Редклиф, поранешен директор на Центарот за заразни болсти и превнција, признава дека во такви ситуации, лабораториите можат самостојно да спроведат истражувања за да ги докажат придобивките од нивните наоди (види и: Ковид-19 потекнува од лабораторија во Северна Каролина?). 

Поранешниот директор за национална безбедност, Џон Ретклиф, пак, пред Конгресот има изјавено дека согласно сите информации
негова проценка е дека „лабораториско протекување на вирусот е единственото објаснување кое е подржано со податоци, наука и здраворазумско размислување“.

Сега сенаторот Роџер Маршал од Канзас (инаку доктор) бара од  Инспекторатот кој врши надзор над работењето на американските безбедносни служби да спроведе детална истрага дали истрагата за потеклото на ковид од 2021 година била попречувана или погрешно насочувана а значењето на еден клучен документ минимизирано.

Патем, главниот заклучок од таа истрага беше дека приближно еднаква е веројатноста (?!) пандемијата да е природна или да е резултат на лабораториски инцидент.

 

22 ноември 2024 - 12:35