Според рамката воспоставена од ОН во 1992 година, 23 развиени земји - и Европската унија - историски одговорни за повеќето емисии на загревање на планетите се обврзани да платат за штетата.
Во Париз пред девет години беа ветени 100 милијарди долари годишно.
На штотуку завршената климатска конференција во Баку, Азербејџан, богатите го одврзаа ќесето ветувања па до 2035 година најавија 300 милијарди климатски долари годишно за најпогодените.
Земјите во развој бараа 500 милијарди.
Парите ќе дошле од „широк спектар на извори“, вклучувајќи владини буџети, инвестиции на приватниот сектор и друго финансирање. Во него се цитираат и „алтернативни извори“ - потенцијални глобални даноци за воздухопловната и поморската индустрија.
САД и ЕУ се залагаа за проширување на базата на донатори со оние земји кои сè уште се водат како во развој, но во меѓувреме имаат станато богати, како што се Кина и Саудиска Арабија. Кина, втора по големина економија во светот и најголем емитер на стакленички гасови, категорично одбива да го промени својот статус, потсетувајќи дека веќе обезбедува билатерална помош.
Епилог: таквата кинеска билатерална помош ќе влегува во оние 300 милијарди.
Активистите се загрижени дека ветувањето за напуштање на фосилните горива - главното достигнување на COP28 во Дубаи - исчезна од конечниот договор во Баку и беше сменет со битно поблага формулација.
Еден од приоритетите на Европската унија беше воспоставување годишен мониторинг на оддалечувањето од нафтата, гасот и јагленот. Саудиска Арабија се спротивстави и онда ништо и од тоа.