52-годишната Жонг Јанг, претходно служи како гувернер и заменик секретар на Кинеската комунистичка партија во префектурата Кијанан. Таа влегува во партијата на 22 години, а со тек на време заради нејзиниот изглед често пати е ословувана како „убавата гувернерка“.
Жонг никогаш не се мажи и нема деца. Нејзин прв посериозен успех е основањето на земјоделска асоцијација, а е позната и по помагање на постарите лица од сопствени пари.
Во јануари годинава се објавува документарец посветен на Жонг во кој јавно се откриваат проблематични аспекти на нејзината кариера, како прифаќање мито и искористување на својата позиција за компании блиски на нејзе да почнат да добиваат државни договори.
Таа е обвинета од сопственици на бизниси дека наводно запоставувала компании кои немаат блиски врски со неа.
„Според извештаи од Нетиз Њуз, паралелно со својата потрага за власт и пари, Жонг била вклучена и во бројни афери со мажи на кои им била претпоставена, користејќи изговори како 'прекувремено работење' и 'бизнис патувања' за да минува време со своите машки љубовници.
Медиумите тврди дека некои мажи избрале да бидат нејзини љубовници заради предноста што таа ја нуди, додека други неволно прифаќале заради страв од нејзината власт. Жонг се тврди дека имала 58 љубовници и често пати е гледана во приватни ноќни клубови, наводно со кондоми во нејзината чанта,“ пишува Саут Чајна морнинг пост.
Истрагата против Жонг започнува во април минатата година, што доведува до пресудата за затворска казна. На 1 септември таа е избркана од комунистичката партија и од функцијата на која била.