Што се знае за суперсоничната руска ракета?

НАТО и Киев закажаа средба за да се види што ќе се прави откако Русија покажа заби (откако Киев нападна длабоко во Русија со американски Atacm и британски Storm Shadow, откако Русија влезе во Украина, откако НАТО посака да се прошири до руските граници во Украина, откако....). Западни извори гатаат дека Русија веројатно има само неколку такви.

Фото: ЕПА

Американската војска соопшти дека дизајнот на руската ракета истрелана врз околината на градот Днепар (врз украинската ракетна компанија Пивденмаш) е заснован на дизајнот на руската интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) РС-26 Рубеж, која има поголем дострел.

Пентагон соопшти дека проектилот бил истрелан со конвенционална боева глава, но дека Москва може да го смени „товарот“ ако сака.

„Таа ракета може да носи различни типови на конвенционални или нуклеарни боеви глави“, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Со оглед на тоа што ваква ракета досега не била користена на бојно поле, Американците ја сметаат за експериментална а изворите на западните медиуми „гатаат“ дека Русија веројатно има само неколку такви.

Експерти за неширење оружје потсетуваат дека Путин претходно навести дека ќе го заврши развојот на систем за балистичка ракета со среден дострел (IRBM), откако Вашингтон и Берлин се согласија во Германија да се распоредат американски ракети со долг дострел во 2026 година.

Она што рокна во Украина е балистичка ракета со среден дострел која има теоретски дострел до 5.500 километри.

Тоа е доволно да стигне каде било до Европа (ако биде пуштена од југозападна Русија), но за утеха на Вашингтон, не може да добаци до Америка.

„Мислам дека САД направија грешка кога еднострано го прекинаа договорот за елиминација на ракетите со среден и помал дострел“, рече рускиот претседател.

Од тој договор од 1987-ма, САД формално се повлекоа во 2019 година.

22 ноември 2024 - 11:52