И од еднаш се станува

Повеќегодишна вегетаријанка десет години не сакала да пипне месо од етички причини. Сета таа увереност паднала во вода за време на бременост кога станала анемична а телото почнало да ѝ бара нешто друго од она што стандардно го јаде. Пробала бургер и веднаш се навлекла. Денеска е месар. 

Тами Џонас, долгогодишна вегетаријанка, направила пресврт од 180 степени за време на нејзината трета бременост.

Нејзината одлука за вегетаријанска исхрана била донесена под влијание на книгата Animal Liberation на Питер Сингер, која ѝ ги отворила очите за малтретирањето на животните кои се одгледуваат во фарми.

За време на последната бременост станала ризично анемична, почнала да копнее по месо, еден ден решила да изеде хамбургер и сфатила дека нема враќање.

Тврди дека веднаш ѝ било подобро.

„Се чувствував поздраво бидејќи му го давав на моето тело она што му требаше“, вели таа.

Сепак, останала чувствителна за тоа од каде доаѓа месото па со сопругот решиле и самите да отворат фарма за етички третман на животните.

„Веднаш знаев дека ќе се фокусираме на свињите, бидејќи тие се едни од најмалтретираните животни во индустриските системи“, вели Џонас и објаснува дека во нивната фарма не се користат штетни хемикалии во исхраната, а животните живеат што е можно поприродно.

За етичките аспекти на убивањето животни за храна,  смета дека нема ништо спорно во тоа, доколку животното претходно живеело добар и достоинствен живот.

 

25 ноември 2024 - 16:31