На страна критиките и навредите што нагрнаа на Јагуар, околу рекламата имаше и прашања на место, како она од Илон, кого го интересираше што точно продаваат со нејзе.
Јагуар кој некогаш беше задолжен за производство на службените автомобили на британските премиери, со години е во константен пад за пред неколку години да реши целосно да се ориентира кон електрични возила.
Планот беше продажбата на џиповите на Ленд Ровер да продолжи да ги плаќа сметките, а Јагуар некое време да оди во хибернација и потоа повторно да се појави како исклучиво електричен бренд.
Рекламата беше обзнанување на будењето од хибернација.
За луѓе од маркетинг индустријата, рекламата е доказ за очајот во кој се наоѓа автомобилската индустрија.
„Сите етаблирани авто-производители се во паника. Се обидуваат да скријат, меѓутоа се во ужасна паника и влегуваат во шизофренија во која не знаат дали припаѓаат на стариот свет на внатрешно согорување или на новиот електричен свет,“ порачува креативниот директор на Сафрон Бренд консултантс, Габор Шрајрер.
Надежта на фановите и акционерите на Јагуар е дека компанијата можеби ќе крене глава по 2 декември, кога е најавена премиерата на нивното прво концепт возило на Уметничката недела во Мајами.
Тоа може и да не биде така лесно бидејќи околу изгледот на новиот модел доста искрен е и ЦЕО-то на Јагуар, Адриан Мардел, кој пред некое време призна дека „новиот изглед може да биде поларизирачки“, а неговото очекување е да продаде помалку возила, по многу повисоки цени.
Планот е Јагуар да почне со продажба некаде во 2026.