Драги уролози, брцавте што брцавте

И да ја игногираме нелагодноста која мажи ја чувствуваат околу прегледот на простата кој се изведува „така како што се изведува“, екстремно чудно е што на онака развиена и софистицирана медицинска технологија од секаков вид, врвот на прстот на еден уролог останува негова најсигурна дијагностичка алатка. На радост на оние мажи за кои она позади е излез а не влез, на повидок се промени во оваа област.

За многу мажи, прегледот на простата е непријатна тема бидејќи откако ќе видат возраст на човек со проблеми со мокрење, уролозите стандардно го претпочитаат методот „ќе сакам да те пипнам“. Од почетокот на 70-тите години, ректалниот преглед е составен дел од програмата за рано откривање на рак на простата во здравственото осигурување. Во повеќето развиени држави, осигурувањето покрива ваков преглед барем еднаш годишно за постари од 45 години.

Стиснете гз, се гледа крајот.

Нови научни студии доаѓаат до заклучок дека тековниот преглед со жбрцање прст (нагалено: ректална палпација) компаративно е понепрецизен од други методи.

На специјалистички конгрес на германското друштво на уролози се дискутирало за промени во упатствата за третман на рак на простата. Во иднина треба да се смета повеќе на информациите добиени од ПСА тестови на крвта. Ако тие дадат сомнителни резултати, тогаш да следи магнетна.

„Ректалната палпација како тест скрининг за рано откривање рак на простата може да наштети на два начина,“ објаснува авторка на една студија. „Заради ниската сензитивност, пациентите може да добијат лажно чувство на сигурност кога резултатот е негативен. Од друга страна, лажно позитивните наоди кои се чести, непотребно вознемируваат многу мажи. Дополнително, се создаваат непотребни трошоци за дијагностичко разјаснување на сомнителниот карцином, што може да се избегнат“.

25 ноември 2024 - 12:08