Светската банка не знае каде и се 24 милијарди долари од зелената агенда

Лошото сметководство и водењето есап од страна на Светската банка довело до зијан од 24 до 41 милијарда долари, покажала истрагата на Оксфам.

Ревизијата на Оксфам заклучува дека во изминатите 7 години имало „недостаток на трошење што може да се следи“, делумно заради една нејасна практика на Светската банка финансирањето да го пресметува во време на одобрување на проектите, наместо на нивното завршување.

„Ова е исто како да бараш од твојот доктор да ја процени твојата исхрана врз основа на списокот на намирници што сакаш да ги купиш, без никогаш да провери што вистински завршува во твојот фрижидер,“ објаснуваат од Оксфам.

Извори од Светската банка објаснуваат дека најверојатно недостасуваат два од десет пати повеќе пари од сумата наведена од Оксфам, порачувајќи „сите бројки постојано се измислуваат, никој нема поим кој колку троши.“

Од Оксфам порачуваат и дека целиот процес на собирање на податоците бил „макотрпен и тежок“ бидејќи „нема јасен јавен запис за тоа каде завршиле парите или како биле употребени.

20 ноември 2024 - 10:03