Вести

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Реакција на филмот „NAZA“:

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

Речник

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Трамп ќе користи и војска за масовни депортации

Масовната депортација на илегални мигранти беше едно од клучните предизборни ветувања на новоизбраниот претседател за кое вети дека ќе почне да го реализира уште првиот ден во Белата куќа. За да оствари таква операција ќе му треба војска. А за да може да користи војска, ќе треба да прогласи вонредна состојба која му дава право да ангажира американски војници дома.

Путин потпиша нова нуклеарна доктрина

По ненормалната одлука на Бајден да ѝ се дозволи на Украина да гаѓа длабоко на територијата на Русија со НАТО ракети од голем дострел, контра потег повлече и рускиот претседател, потпишувајќи нова, ревидирана нуклеарна доктрина која вели: конвенционален напад врз Русија од која било нација што е поддржана од нуклеарна сила ќе се смета за нивен заеднички напад.

Станува ли Германија Источна Германија?

Пензионер од Баварија на интернет објавил меме со кое навредил германски политичар, тоест министер кој освен што бил навреден, тврди дека вакви работи му ја отжнуваат работата во владата. А пензионерот само пишал дека овој е идиот. На стариот му затропала полиција дома и тоа во раните утрински часови, како во златните времиња на Штази.   

Колку пати едни исти луѓе можат да го напуштат Твитер?

Деновиве многу западни медиуми кои навиваа за пораз на Трамп, Маск и МАГА екипата, одушевено пишуваа дека луѓе масовно го напуштаат Икс, незадоволни од атмосферата и пред сè токсичноста на платформата, засилена по победата на омразениот Трамп. Проблем е што и лани го напуштаа, и претходната година исто. Упорно го напуштаат и уште поупорно се враќаат, за да може по некое време пак да драмат за атмосферата, токсичноста... 

Британска тајна ќелија разгорувала конфликти во Украина

The Greyzone на истражувачката легенда Кит Кларенберг дошле до протечени меилови и интерни документи кои ја обелоденуваат тајната рака на британската политика во војната во Украина. Со проценка дека колку подолго војната трае, толку Путин ќе биде послаб, тајна британска ќелија покажала извонредна креативност за тоа како војната да продолжува и да ескалира до недоглед.

Украина полека почна да се откажува од територијата

Како што Трамп остана на својот став за најитно примирје во Украина по неговото влегување во Белата куќа, така Киев почна да ја приоретизира идната безбедност на земјата, на сметка на враќање на територијата.

Пентагон 7-ми пат по ред не успеа да заврши финансиска ревизија

Американското министерство за одбрана објави дека и годинешниот обид за целосна финансиска ревизија на буџетот од 824 милијарди долари мина неуспешно, па американските даночни обврзници и понатаму нема да знаат како се трошат нивните пари.

Велика Британија ќе мора да бира меѓу ЕУ и Трамп

Поранешен шеф на Светската трговска организација, вели дека Британија наскоро ќе мора да заземе страна доколку новата американска администрација го оствари она што Трамп го ветуваше во кампањата, воведување мрсни царини за увозот што објективно води кон можна глобална трговска војна. За британскиот есап, цифрите се на страната на ЕУ.

„Воук кокаин“ за прогресивни шмркачи

На Британците кои сакаат да си ја олеснат совеста затоа што горивото за нивната кокаинска навика, додека дојде до кај нив, носи и крвопролевање и жртви, сега се мета на цинични но досетливи дилери на дрога. На таквите разбудени џанаци им продаваат „етички кокаин“ чие потекло и производство наводно не е морално спорно и доаѓа од „одржливи извори“. А овие безпроблем  ја шмркаат и таквата глупост.  

ФБИ ги заплени телефонот и уредите на првиот човек на Полимаркет

Наспроти сите мега етаблирани аналитичари, тинк-тенкови и анкети кои инсистираа на неизбежна победа на Камала Харис, платформата за кладење Полимаркет упорно, покажувајќи го расположението на кладилничарите, тврдеше дека победник ќе биде Трамп. Е, ФБИ направи рација во станат на ЦЕО-то на компанијата.

Градови што трујат колку држави

Да беше Токио држава, ќе беше во топ 40 држави загадувачи на оваа планета. Што е дури и подобро од Шангај кој со своите 256 милиони метрички тони стакленички гасови е најголемиот град- трујач и прави повеќе беља од цели држави како Норвешка или Колумбија. Кинеското друштво регионални загадувачи го ремети само Тексас.

ЕУ стагнира 16 години и пак тера по старо

Пред само 16 години, Европската унија и САД имаа речиси идентичен бруто домашен производ (БДП). Денес разликата е огромна во корист на САД. Бројките се брутални и навестуваат дека доколку продолжи со стариот модел, ЕУ ќе стане маргинален елемент на глобалниот пазар. Прветвено затоа што додека Америка одбра иновации, Европската унија одбра регулации. 

Пит Хегсет, војникот што ќе стане министер за одбрана на САД

Меѓу сите назначувања што Трамп ги објавува деновиве, ни едно не изненади и стаписа луѓе како одлуката позицијата министер за одбрана да му ја додели на поранешниот водител на Фокс и офицер во американската армија, Пит Хегсет.

Тиранијата на кенкачите

Порано, кога некои ќе изгубеа на избори, ќе се ракуваа со победниците или барем ќе им речеа „ќе видите колку имате погрешено“. Во меѓувреме стасаа некои нови модели на луѓе кои за сенешто срцето им е скршено, сенешто некоја вест ги направила парампарче, врескаат и се трескаат (за да го објават тоа на ТикТок). Најобразованите, како и секогаш, се најглупи.

Републиканците освоија сè

Во првите два дена од изборите Републиканците ја земаа Белата куќа и Сенатот, за потоа на Изборната комисија да и требаат уште 10 дена за да ги преброи гласовите за уште петнаесетина места кои го одлучуваа Претставничкиот дом. Денес и таму победата ја однесоа републиканците.

Што вети Трамп за првиот ден во Белата куќа

Откако прво најави дека нема да биде диктатор „освен на првиот ден“, Трамп на својата листа за овој ден нареди сè од депортација на мигранти до отпуштање на илјадници вработени во американската администрација.

Оземпик да ти бил добар и за алкохол

На лекот за дијабетес кој стана популарно средство за слабеење, му нашле уште една употребна вредност што може да им помогне на милиони луѓе. Студија во Шведска покажала дека луѓе кои користат Оземпик имаат помали шанси да завршат во болница поради злоупотреба на алкохол. Накратко, со Оземпик нит ти се јаде, нит ти се пие. За секс уште не се знае.

Паметните уреди не ги опаметија учениците

Извештај на ОЕЦД покажа дека поголемиот дел од образовните технологии (EdTech) не ги испорачале, своевремено на сите ѕвона ветуваните академски придобивки. Лани Шведска реши да дигне малку рачна и да ги потсети учениците дека постојат и хартиени книги а и стари вештини како што е фаќање белешки. Кога имаат компјутер, учениците во просек издржуваат само 6 минути со задачата.

Украина изгуби една тотално непотребна битка

Украина сакала да заштити како трејдмарк една анти-руска пцовка. Спонтано ја смислил нивен војник во предвечерието на руската инвазија и таа во меѓувреме стана симбол на украинскиот отпор. Од што немаат попаметна работа, властите во Киев дошле до идеја да ја заштитат како нивен трејдмарк, за да не можеле други да профитираат од слоганот. Судот рекол, не може тоа така.

Јужнокорејскиот претседател почна да вежба голф

По прогласувањето на Доналд Трамп за претседател на САД, неговиот колега Јун Сук Јол, за прв пат по осум години се фатил пак да вежба голф подготвувајќи се за „голф дипломатија“ со следниот американски претседател.

Дали Џереми Кларксон ќе биде новиот Најџел Фараж?

Во романот „Серотонин“ од Мишел Уелбек од 2018 година (види Букбокс читанка), еден разведен аристократ води бунт на фармерите. За 19-ти ноември, се најавува уелбековска катарза на британската политика: се очекува Џереми Кларксон да ги води фармерите во Вестминстер за да протестираат против „данокот за трактор“ на Рејчел Ривс кој се однесува на оставањето наследство на земјоделски имот на децата.

Кинезите цензурираа блогер познат по критиките на САД

Блогерот по име Сима Нан кој својата слава ја стекнува заради силните анти-западни коментари, е целосно забранет на кинеските мрежи и интернет.

Ако не можеш да веруваш на комора за самоубиство, на кого можеш?

Жена која решава легално да си го одземе животот во Швајцарија со помош на Сарко комората за самоубиство, по успешната процедура е најдена со белези на давење на нејзиниот врат.

Кинезите се одвикнаа од правење деца

Иако речиси десет години Кина ја олбавува својата долгогодишна политика за едно дете, резултатите не се охрабрувачки. Стaпката на наталитет и натаму паѓа а минатата година е забележан рекордно низок број на родени, само 9,02 милиони. Ај деца, ама па тоа Кинезите сега ни бракови нејќат. Така е кога од село ќе дојдеш во град.