Киев уште денес ја искористи својата новодобиена дозвола и за прв пат истрела американски ракети со долг дострел внатре во Русија, погодувајќи воен објект на 130 километри од украинската граница во регионот Брјанск, пишува Телеграф, повикувајќи се на извештаи на украинските медиуми.
Русите потврдуваат и тврдат дека собориле пет ракети. Ако овој напад биде потврден и од Украина, тоа би било во спротивност со извештаите на американските медиуми дека Бајден одобрил такви напади само во регионот Курск.
Во меѓувреме, на илјадитиот ден од руската инвазија, Путин одобри ажурирана верзија на руската нуклеарна доктрина, по која Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната од конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила. Конвенционални ракети, беспилотни летала или авиони ги исполнуваат овие критериуми. Доколку зад нападот стои сила која е поддржана од нуклеарна сила, тоа Москва ќе го смета за нивен заеднички напад врз Русија.
„Можеби старецот Бајден решил баш убаво да го напушти овој живот, земајќи со себе значаен дел од човештвото...“, реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.
По видео -врска, украинскиот претседател денес му се обрати на Европскиот парламент и ги заплаши дека Северна Кореја може во Украина да испрати и 100.000 војници. Десничарски европарламентарци го бојкотираа говорот на Зеленски правдајќи се дека имаат други работи.
Ете. А човек ќе помисли само уште оние неколку рати од кредитот да ги врати и сè ќе биде полабаво.