БДП по жител на Европската унија во 2008 година изнесувал околу 37.000 американски долари, а сега е околу 40.000. Тоа е раст од само 8 проценти. За 16 години.
Од друга страна, американскиот БДП по глава на жител беше 48.500 долари пред 16 години, а сега е 81.500 долари, што е зголемување за 68 проценти.
Во текот на 16 години, САД постигнаа 8,5 пати поголем економски раст од ЕУ.
Најсилната европска држава, Германија, денес, по БДП е побогата само од 5-те најсиромашни држави во САД, а Франција е побогата од само една.
ЕУ постигна завиден економски раст во периодот од 1996 до 2008 година, многу поголем од САД. Што се случи потоа, што предизвика Европа да западне во постојана стагнација, додека САД продолжија да растат? Постоеше светска финансиска криза, но, таа го погоди целиот свет.
Оле Леман, германски трговец со криптовалути и ИТ аналитичар, ја објасни својата теорија на Х; тој тврди дека стагнацијата била политички избор на лидерите на ЕУ. Тоa го нарекува „економско самоубиство на Европа“.
„Европа ја избра сигурноста наместо економскиот раст, Америка ја избра иновацијата наместо регулативите“.
Америка создаде компании од 9 милијарди долари (9 од 10-те највредни компании во светот). Европа нула.
Европските таленти масовно ја напуштаат ЕУ при што дилемата им е дали да ги одберат САД, каде платите се повисоки, или пак Југоисточна Азија каде трошоците за живот се пониски и полесно се лансираат стартапи.
Бројките се брутални: 90% од европските технолошки компании би сакале да се преселат во САД, европските плати во ИТ секторот се за 50% пониски од американските, а инвестициите во стартапи се 5 пати повисоки во САД отколку во ЕУ.
Дури и францускиот претседател Емануел Макрон го признава тоа. Споредувајќи ја Европа со американскиот и азискиот пазар, Макрон рече:
„ЕУ може да умре, на работ сме на многу важен момент. Нашиот поранешен модел е готов - премногу регулираме, а премалку инвестираме. За две до три години, ако продолжиме да ја туркаме старата агенда, ќе бидеме исфрлени од пазарот“.
Америка победува не затоа што Американците се попаметни, туку затоа што нивниот систем ги наградува оние што градат.
„Европа стана музеј: добра е во зачувувањето на минатото, лоша во градењето на иднината. Ако Европа не се дерегулира и не почне да го цени преземањето ризик, овој јаз меѓу САД и ЕУ само ќе се зголемува“, проценува Леман.