Станува ли Германија Источна Германија?

Пензионер од Баварија на интернет објавил меме со кое навредил германски политичар, тоест министер кој освен што бил навреден, тврди дека вакви работи му ја отжнуваат работата во владата. А пензионерот само пишал дека овој е идиот. На стариот му затропала полиција дома и тоа во раните утрински часови, како во златните времиња на Штази.   

Рацијата во домот на Штефан Никоф во баварскиот град Бамберг се случила в зори, будејќи го и него и неговите сопруга и ќерка. Му ги заплениле телефонот и компјутерот поради пријава за негово меме на сметка на вице-канцеларот Роберт Хабек.

Шварцкопф ви е познато како име на онаа компанија за козметички производи за нега на коса (што имаат лого како Ина). Но, истовремено тоа е блиску до еден германски збор што значи идиот/морон. Па стариот на Хабек му скоцкал сликче кое порачува дека се работи за „професионален идиот“.

Обвинителството го срочило следниов текст:

„Во време кое во моментов не може подетално да се прецизира но се работи за деновите или неделите пред 20 јуни 2024 година, обвинетиот објавил слика на која е прикажан портрет на сојузниот министер за економија Роберт Хабек со наслов „ПРОФЕСИОНАЛЕН ШВАХКОПФ“, врз основа на рекламната кампања на компанијата Шварцкопф, со цел генерално да се оцрни Роберт Хабек и да му се отежне работата како член на федералната влада“.

Полициската акција произлегла од пријава на самиот Хабек кој смета дека вакви работи му пречат да работи. Германскиот закон им дозволува на јавните функционери да поднесуваат кривични пријави за клевети при што Хабек и неговите Зелени се едни од најревносните корисници на овој закон чие прекршување носи парична казна но и можен затвор до три години.

Медиумите пишуваат дека Хабек има цел тим кој постојано следи и мониторира што за него се пишува на интернет и социјалните мрежи.

Не ги плаќа бадијала: досега тој има поднесено вкупно 805 кривични пријави за клевета. Неговата зелена колешка од владата, Аналена Бербок, има поднесено 453 тужби.

А Хабек, кој има амбиции да стане и лидер на Германија, е стар поборник за онлајн цензура; еве го како бара европските држави да ги регулираат алгоритмите на Икс и ТикТок, за да не останат во рацете на Илон Маск или кинескиот софтвер.

Швахкопф.

19 ноември 2024 - 11:59