Сима Нан кој има повеќе од 3 милиони следачи на кинеската социјална мрежа Веибо, е баниран и на мрежата и на други интернет платформи во период од една година.
Последниот пост на Сима е од 5 ноември кога изразува поддршка за Доналд Трамп, порачувајќи дека неговата победа ќе биде добра за Кина.
Саут Чајна морнинг пост пишува дека Нан за многумина е „симболичниот глас на националистичката левица“. Тој често пати обвинува поединци или групи дека ги предаваат кинеските интереси и дека соработуваат со САД. Во 2021 Нан го нападна Леново за продавање на државен имот под цена и за исплаќање на неразумно високи плати на највисоките менаџери.