Борбените линии беа исцртани во последната колумна на Кларксон:
„Сè повеќе станувам убеден дека Стармер и Ривс имаат злобен план. Тие сакаат да изведат карпет-бомбинг на обработливото земјиште со нови градови за мигранти и нет-нула ветерници. Но, пред да го направат тоа, ќе треба етнички да ги исчистат селата од земјоделците“.
Од вирални мемиња до разумни коментатори, се постави прашањето: дали влегувањето на Кларксон во политиката може да биде „Трамп моментот“ на Британија?
Реалноста веројатно е поздодевна. Политичките “муда“ на Кларксон не се покажаа на тестот 'референдум за ЕУ' а и сега се чини колеблив околу идејата баш тој да ги предводи земојделците.
Организаторите на протестите веќе се оградија од поддршката на Реформистите на Најџел Фараж, сакајќи да избегнат политизација на нивната борба. А и самиот Фараж сега веројатно има поважна улога во британската политика, како вашингтонски гласник на пораките на Трамп.
За следен лидер на Рерофмистите се спомнува Зиа Јусуф кој најави модернизација на партијата и нешто што досега не беше вообичаено за нејзиниот дух: соработка со технолошки стартапи.
Кај Уелбек, бунтовниот земјопоседник извршува самоубиство за да не дозволи да го упасат. Кларксон нема да има таква завршница но влегува во тој филм на антиполитички борец и маченик, осуден да биде зафатен од спиралата на протести. Друг има реален проблем со тоа - Реформистите, бидејќи незадоволството во Британија само ќе расте со политиките на Стармер, а од нивната модернизација многумина нема да бидат задоволни.
* извор