Во извештајот од ревизорите стои дека нивната работа резултирала со „дисклејмер за мислење“, што значи дека тие не добиле доволно информации што се неопходни за формирање на мислење.
Намерата на Пентагон е до 2028 да добие чиста ревизија, а од таму објаснуваат дека по годинешната неуспешна ревизија „ти напреднале и добиле сериозно унапредување во разбирањето на длабочината и обемот на предизвиците.“
Од 28 ентитети на Пентагон кои биле опфатени со ревизијата, повеќе од половина не ја минале проверката.
Пентагон од 2018 законски е обврзан да спроведува ревизија. До сега ниту еднаш не успеал целосно да ја заврши. Со закон од 2024, министерството е обврзано до 2028 да ја има првата чиста ревизија.