На именувањето на Хегсет му претходеше сериозна кампања против назначувањето на Мајк Помпео за министер за одбрана, како дел од борбата за прочистување на идната влада на Трамп од нео-конзервативци.
Пред Фокс и пред кариерата во американската војска, од каде излегува со неколку ордени, Хегсет во 2003 дипломира политикологија на Принстон. За време на ТВ кариерата тој главно зборува за теми поврзани со војската и околу воените ветерани. Додека е во војска Хегсет служи во Авганистан, Ирак и Гвантанамо.
Тој е еден од најгласните противници на „разбудените“ политики во американската војска и нејзиното раководство.
„Најглупата фраза на планетата Земја во војската е нашата разноликост е нашата сила,“ неодамна изјави Хегсет во еден поткаст.
Она што привлече внимание кај дел од медиумите беа и тетоважите на Хегсет. Меѓу кои како позначајни ги издвојуваат Крстот од Ерусалим, Христовиот монограм, Deus Vult, цитати од библијата и првите зборови од американскиот Устав, амблемот на неговата единица и американско знаме под кое се наоѓа АР-15.