Јун го направил ова „по совет на луѓето околу него,“ меѓутоа не е наведено кога тој наоѓа време за вежбање.
Како што пишува Си-ен-ен, голфот одамна се покажа како добар начин да се стигне до Трамп:
„Сепак тоа е сржта на профитот на неговата бизнис империја, неговите терени за голф и компаниите поврзани со нив му носат стотици милиони долари годишно.“
За време на неговиот прв мандат, Трамп во првата година посети повеќе голф терени од кој било скорешен претседател на Америка.
Трамп во првиот мандат се прослави и како првиот американски претседател што се сретнал со севернокорејски претседател.
Освен односите со Северот, Јун со Трамп ќе треба да ја разговара и иднината на 28.500 американски војници во Јужна Кореја. Трамп во повеќе наврати порача дека Југот не плаќа доволно пари за војниците што САД ги стационира на нивна територија. Пред победата на Трамп, Јужна Кореја и САД потпишаа 5-годишен договор за споделување на трошоците за американските војници.