Републиканците освоија сè

Во првите два дена од изборите Републиканците ја земаа Белата куќа и Сенатот, за потоа на Изборната комисија да и требаат уште 10 дена за да ги преброи гласовите за уште петнаесетина места кои го одлучуваа Претставничкиот дом. Денес и таму победата ја однесоа републиканците.

Партијата сега има 218 места во долниот дом на Конгресот, со што Трамп ја има целосната контрола над законите и работењето законодавниот и извршниот систем на Соединетите држави.

По победата во Аризона, републиканците го добија неопходното мнозинство од 218 гласа од вкупно 435 седишта во долниот дом. Останати се уште 9 места за кои гласовите не се преброени и десет дена по изборите.

Владејачкото тројство на републиканците само е засилено од доминацијата што ја имаат во Врховниот суд на САД, каде односот на судиите е 6 спрема 3 за републиканците, а во времето на Трамп се очекува најмалку уште двајца судии да се пензионираат и да бидат назначени нивни замени. Со овие промени, Врховниот суд на САД со децении ќе остане под републиканска контрола, бидејќи судиите се бираат за доживотен мандат.

14 ноември 2024 - 11:48