Судот на правдата на Европската унија пресуди дека слоганот „Руски воени бродови, одете ебете се“, Украина не може да го смета за свој заштитен знак.
Слоганот беше смислен спонтано од еден украински војник како одговор на барањето на руската морнарица да се предадат додека се подготвуваше да го нападне Змискиот остров во Црното Море во предвечерието на инвазијата во 2022 година. Многу брзо, фразата стана симбол на отпорот на Киев.
Во меѓувреме, на Украина ѝ текна (оти немаат побиотни работи) да го заштити авторството на слоганот како трговска марка, за да не можат други да профитираат од него.
Комерцијални производи со различни јазични варијации на фразата одамна се продаваат на неколку шопинг платформи.
Суфот процени дека фразата (која Киев се обиде да ја заштити и на украински и на англиски) нема комерцијално потекло и се потпра на мислењата на европските експерти за интелектуална сопственост дека слоганот не ги исполнува условите за да стане заштитен знак.
Суштинската функција на трговската марка е просечниот потрошувач да ја поврзе со стоки или услуги, а не во неа да гледа само политичка порака, наведува судот со седиште во Луксембург.