ФБИ ги заплени телефонот и уредите на првиот човек на Полимаркет

Наспроти сите мега етаблирани аналитичари, тинк-тенкови и анкети кои инсистираа на неизбежна победа на Камала Харис, платформата за кладење Полимаркет упорно, покажувајќи го расположението на кладилничарите, тврдеше дека победник ќе биде Трамп. Е, ФБИ направи рација во станат на ЦЕО-то на компанијата.

26-годишниот Шејн Коплан би разбуден од ФБИ во 6 часот наутро, кои му упаднале во неговиот стан на Менхетен барајќи од него да им го предаде својот телефон и други електронски уреди со кои располага.

Како што пишува Њујорк пост, сето ова е „политички театар во најлошо издание“, бидејќи властите „можеле сите овие работи да ги побараат од адвокатот на Комплан и да ги добијат. Наместо тоа, тие организираат, тнр. рација за да можат истата да ја протечат до медиумите и да ја искористат за очигледни политички причини.“

Сомнежот е дека се работи за политичка одмазда за тоа што Полимаркет ја предвиде победата на Трамп над Камала, и дека рацијата најверојатно е инспирирана од обвинувањата на либералните медиуми дека Полимаркет ги манипулирал резултатите во корист на Трамп.

Коплан не е уапсен, ниту е обвинет.

15 ноември 2024 - 15:47