Меѓу работите што ги најави Трамп за првиот ден се:
- Започнување на масовната депортација на мигранти.
- Укинување на политиките на администрацијата на Бајден поврзани со образованието.
- Реформирање на владата со потенцијално отпуштање на илјадници луѓе.
- Помилување на лица уапсени за нивната улога во немирите на Капитол хил на 6 јануари 2021.
Меѓу првите мерки ќе биде и отпуштањето на специјалниот советник Џек Смит, кој е одговорен за федералните случаи против Трамп. И покрај тоа што стана претседател, Трамп нема да може сам себе да се помилува, меѓутоа Врховниот суд на САД во јули одлучи дека актуелен претседател има широк имунитет, кој покрива која било одлука што ќе биде донесена против него.
Смит ќе биде еден од потенцијално илјадниците федерални вработени кои ќе бидат отпуштени како дел од планот за драстично намалување на администрацијата и/или „уништување на длабоката држава“ која опфаќа административци од кариера кои Трамп ги смета дека му се непријатели и се кријат зад државни позиции.
Депортацијата која треба да започне на првиот ден ќе се спроведе врз основа на закон од 1798 година кој му дозволува на претседателот да депортира кој било странец кој е жител на држава со која САД се во војна.
Како дополнување на депортацијата, Трамп исто планира да потпише и извршна наредба за ставање крај на добивањето американско државјанство со раѓање, што значи дека секое дете родено на американско тло станува американски државјанин без разлика на имиграцискиот статус на неговите родители.
Американските власти обвинија 1.500 луѓе за немирите од 6 јануари, од кои повеќе од 1.000 ја признаа вината или беа прогласени за виновни. Како претседател Трамп има право го помилува секого што бил обвинет од американски суд.
Едно од итните ветувања беше „да се држат мажите вон женските спортови,“ за што најави забрана за трансродови жени да се натпреваруваат во женска категорија. Тој сака да побара од Конгресот, кој веќе е под целосна контрола на републиканците, да донесе закон кој гарантира дека има само два пола, и да воведе национална забрана за сексуално осакатување на малолетници.
Уште една од политиките на Бајден која ќе биде укината е забраната за бушење и вадење фосилни горива во САД, што Трамп најави дека ќе ја надополни со зголемување на производството. Во склоп со ова е укинувањето на поголем број стандарди за издувни гасови за автомобили, заедно со субвенциите за промовирање на производство и ширење на овие возила.