Градовите во Азија и САД испуштаат најмногу гасови кои ги хранат климатските промени, а Шангај е најголем загадувач, покажуваат новите податоци, комбинирани од мерења и вештачка интелигенција, обелоденети на климатската конференција која се одржува во Азербејзан.
На светов постојат седум региони кои исфрлаат над една милијарда метрички тони штетни гасови годишно. Сите се во Кина, освен Тексас, кој е шести на оваа листа.
Од 2022 до 2023 година, Кина, Индија, Иран, Индонезија и Русија забележале најголеми зголемувања на емисиите, додека Венецуела, Јапонија, Германија, Обединетото Кралство и САД имаат најбитни падови на нивоата на загадување.
Користејќи сателитски и копнени набљудувања, дополнети со вештачка интелигенција за да се пополни празнините, организацијата Climate Trace чиј ко-основач е Ал Гор, мерела јаглерод диоксид, метан, азотен и други традиционални загадувачи на воздухот во над 9.000 урбани области на планетава.
Освен спомнатите Шангај и Токио, „не се лоши“ ни Њујорк со 160 милиони метрички тони и Хјустон со 150 милиони метрички тони со што би влегле во топ 50 држави загадувачи. Сеул од Јужна Кореја е на петтото место меѓу градовите со 142 милиони метрички тони.