Вести

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Речник

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Колку повеќе репрезентации настапуваат на Светските фудбалски првенства, толку помалку има фудбалери што се родени во земјата чиј дрес го носат. Помалите нации не можат без фудбалери од дијаспората. Само еден фудбалер на Курасао е роден во земјата. Интересен факт за оние што мислат дека Франција игра со „странци“: дури 54 фудбалери на Мундијалот се родени во Париз.

Тензиите од Ормускиот проток се прелеваат врз друго тесно грло

Последиците од блокадата на Ормускиот проток поттикнаа загриженост поради ризикот од битка за контрола врз Малачкиот теснец, низ кој поминуваат уште повеќе танкери и товарни бродови. Земјите од регионот тврдат дека немаат планови да го блокираат ниту да воведуваат „патарини“, но тоа може брзо да се смени, во зависност како ќе биде решена кризата во Персискиот Залив.

Мерц ја притиска Урсула да ја демонтира бирократијата во Брисел

Германските конзервативци ѝ спремаат дочек на „својата“ Урсула фон дер Лајен, со строг ултиматум: Да ги демонтира контролата и бирократијата во Брисел или да се соочи со  ограничување на овластувањата на Европската комисија. ЦДУ и канцеларот Мерц го губат трпението поради бавното темпо на реформите, кое ги кочи бизнисите во ЕУ и во членките.

Трамп го шпионира папата

Тензиите меѓу Ватикан и Белата куќа не се ништо ново, но низ историјата главно се решавале со политички изјави или со намерно молчење. Трамп ги кренал на ниво на студена војна. Личните расправии со папата Лав XIV, ги смета за закана на интересите на САД и затоа ја активирал целата разузнавачка машинерија насочена против Ватикан.

Сакал да ги убие сите во администрацијата, почнувајќи од Трамп

Кол Ален, приведен по нападот врз Вечерата на дописниците од Белата куќа, на која беше присутен и претседателот Трамп, во манифест до членовите на  своето семејство објаснил дека има „праведна должност“ да ги елиминира административните службеници од највисокиот ранг до најниските. Плус, забележал дека слободно се прошетал вооружен до заби во хотелот.

Европа стана американски вазал со бескрајна регулација

Уште откако во Европа стигнаа американските фармерки, холивудските блокбастери и Биг Мековите, постои загриженост дека Европа ќе стане жртва на американската доминација. Но, она што некогаш беше загриженост за културната хегемонија, со текот на времето се претвори во паника поради економската зависност. Ако Трамп стварно запне по Гренланд, а ЕУ пружи отпор, ќе дојде ли до тоа на Европејците да им ги блокира Виза и Мастер картичките?

Научник станува професија опасна по живот

Вестите за мистериозните смртни случаи и исчезнувања на американски научници почнаа како шпекулации по социјалните мрежи, но стигнаа до Белата куќа и до истрага од ФБИ. Сега се проширија и во Кина. За кратко време починале деветмина кинески експерти за хиперсонична технологија, вештачка интелигенција и вселенски оружја. Чиста случајност.

Јапонија е најљубезна нација во светот

Силната и негувана традиција на учтивост, точност и чистота, ѝ помогна на Јапонија да биде прогласена за убедливо најљубезната нација во светот, далеку пред Канада, според впечатокот на речиси 4.700 испитаници од целиот свет. Канада важи за најпријателска земја, додека за најљубезни самите себе се сметаат Бразилците, покажува ново глобално истражување.

Калифорнија забранува вештачки камен во кујните

Широко користени поради нивниот елегантен изглед и значително пониската цена на производство во споредба со природните материјали, работните плочи од вештачки камен се основен елемент во модерните домови. Но, под полираните површини се крие опасна белодробна болест – силикозата, за која нема лек и често пати има фатални последици.

Во Франција во 2026 биле киндапирани над 40 сопственици на крипто

Само во првите три и пол месеци од годинава во Франција биле киднапирани над 40 луѓе заради откуп во криптовалути. Обвинети се 88 луѓе. Работата на криминалците им ја олеснуваат слабата заштита на приватните податоци, а мошне веројатно и корумпирани бирократи, кои продаваат чувствителни информации на црниот пазар. Компромитирани се 23 милиони сметки.

Германија ќе праќа во затвор за негирање на правото на постоење на Израел?

Во Германија е предложен закон со кој за кривично дело би се прогласило негирање на правото на постоење на Израел. Може слободно да се негира „правото на постоење“ на Палестина, на Германија или на која друга било држава, ама за оспорување на правото на Израел ќе се оди пет години во затвор. Критичари велат дека ова може уште повеќе да го разгори антисемитизмот.

Вештачките засладувачи можат да го сменат метаболизмот на вашите потомци

Вештачките засладувачи, присутни во сè, од грицки без шеќер до диетални газирани пијалоци, се главниот мамец за многумина кои сакаат да ослабат или демек живеат поздраво. Но, нови истражувања сугерираат дека супстанците би можеле да имаат повеќегенерациски ефекти, потенцијално менувајќи го метаболизмот а идните генерации дури и без директна консумација.

6% од смртните случаи во Холандија се од еутаназија

Со еутаназија лани им бил згаснат животот на 10.341 жител на Холандија, што е околу 6% од вкупниот број смртни случаи. Оваа бројка се зголемува од година на година и не е ограничена само на луѓе што страдаат од неизлечиви болести. 174 лица избрале да умрат со еутаназија поради ментални болести, а 278 поради „други причини“, често пати без оправдување.

Еволуцијата не е стопирана: црвенокоси повеќе, ќелави помалку

Во изминатите 10.000 години, природната селекција придонела за еволуција на речиси 500 гени во ДНК-та на западните Евроазијци. Зголемена е фреквенцијата на светла нијанса на кожата, црвена коса и отпорност на ХИВ и лепра (наречена и Хансенова болест), а намалена на машката ќелавост и подложност на ревматоиден артритис, открива нова студија на 16.000 геноми.

Вооружени со фен добиваат илјадници долари од метео-облози

Откако постојат кладилниците, има и начини да се манипулира со исходот. Се менува само стилот. Порано требаше фудбалер да си даде автогол, или судија да досуди пенал. Откако Полимаркет овозможи кладење на сè и сешто, се прават разни лудории што носат профит, како загревање на сензорите на метеоролошката станица на еден од најпрометните аеродроми во светот.

Трамп за „непослушните“: Шпанија надвор од НАТО, Фолкландите за Аргентина

Во внатрешен меморандум што кружи низ Пентагон се наведени казните што претседателот Доналд Трамп ги разгледува за сојузниците од НАТО што не им помогнале на САД во војната против Иран. Шпанија би била суспендирана од Алијансата, а на Британија би ѝ била откажана дипломатската поддршка за територијален суверенитет врз Фолкландските Острови.

Украина ќе увезува африкански мигранти?

Долгата и исцрпувачка војна со Русија не само што ја остави Украина без доволно мажи за фронтот, туку ја продлабочи демографската криза. Многумина од петте милиони Украинци што избегаа на Запад не планираат да се вратат во разурнатата татковина. Киев планира да го пополни недостигот од работна сила со привлекување мигранти од земји од Третиот свет. 

Законот за тутун и вејпови е најглупавиот досега во Британија

Британските власти создаваат граѓани од втор ред. Со забрана на вејпингот ќе ги казнат пушачите што сакаат да се откажат од пушењето, а забраната за продажба на цигари на сите родени по 2008 година ќе предизвика цутење на црниот пазар, забележува Кристофер Сноудон, писател, колумнист и автор на изразот „држава-дадилка“.

ЕУ во судир со Трамп за гасовод во Босна

Брисел ризикува нова конфронтација со Доналд Трамп поради заканите да спречи профитабилен договор на неговиот личен адвокат за изградба на гасовод низ Босна. ЕУ инсистира да го има последниот збор за комерцијалниот проект и се заканува дека во спротивно може да има последици по процесот на пристапување на БиХ кон Унијата.

Пазарот на нафта ја премина критичната точка

Дури и ако утре биде деблокиран Ормускиот теснец, пазарот на нафта веќе претрпи огромна штета затоа што се скрши глобалниот синџир на снабдување. Рафинериите го намалуваат производството и наскоро ќе се грабаат за секој барел нафта за да не бидат затворени. Нафтата ќе биде прескапа, а владите ќе мораат да ја смируваат кризата со строго ограничување на трошењето.

Милијардер го тужи криптото на Трамп

Милијардерот Џастин Сун кој вложи милиони долари во криптобизнисите на семејството Трамп, сега ја тужи платформата Ворлд Либерти затоа што му ги замрзнала токените и се заканува дека ќе му ги „изгори“ виртуелните 320 милиони долари, ако не инвестира уште пари. Ако името Џастин Сун ви звучи познато, тоа е типот што изеде банана од 6 милиони долари.

20 земји се силат да стекнат нуклеарно оружје

Војната во Иран може да предизвика домино ефект во кој близу 20 земји ќе се стремат да стекнат атомски бомби. За тоа веќе отворено се зборува во Полска, Јужна Кореја, Јапонија, Турција и Саудиска Арабија, кои се чувствуваат недоволно заштитени во периодот на глобален геополитички хаос, предупредува првиот човек на светската агенција за атомска енергија.

Глобалниот систем за храна е пред колапс

Нафтата која остана заглавена во Персискиот Залив не е само за гориво за коли и авиони. Таа ја загрозува и глобалната безбедност на снабдувањето со храна, бидејќи земјоделството и прехранбената индустрија се потпираат на нафтени деривати – од почвата до лажицата. Ако Протокот остане блокиран и во мај, можна е голема катастрофа и глад, предупредува ФАО.

Трамп бара од МАГА да се откаже од приватноста за „поголемо добро“

Трамп создаде огромна база од поддржувачи и победи на изборите поради политиката за одбрана на приватноста и на граѓанските права. Сега бара од своите најтврдокорни следбеници од MAGA да се откажат од своите лични права и да им дозволат на федералните власти да ги шпионираат без налог, заради поголема безбедност и за „доброто на нацијата“.

Роботи не бегаат од регрутација

Исцрпеноста од долгата војна ги принуди украинските власти да бараат алтернативни начини како да ги пополнат строевите на фронтот. Успешниот развој на евтини и ефикасни беспилотни летала ги охрабрува да ги замени војниците со машини и на копно. Роботите не дезертираат од фронтот, не се противат на присилна мобилизација и не одбиваат наредби.