Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ го заостри визниот режим за Русите

7 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската Унија усвои построги правила за издавање визи за руски државјани, поради „потенцијалните злоупотреби на визите, користењето на миграцијата како оружје и ризик од акти на саботажа“.
  • На руските државјани повеќе нема да им се издаваат повеќекратни визи. За секое патување во ЕУ ќе мора да вадат нова виза. Исклучоци ќе има за дисиденти, независни новинари и активисти за човекови права.
  • Како причини за построгиот режим, во одлуката се наведени „руското вооружување на миграцијата, актите на саботажа на територијата на земјите-членки и во меѓународните води на Балтичко Море, закани од сајбер и индустриска шпионажа и потенцијалната злоупотреба на визите за промовирање пропаганда за поддршка на руската агресивна војна против Украина или вклучување во други субверзивни активности на штета на Унијата“. 
  • „Тешко е да се оправда слободно движење во Европа за оние што почнаа војна. ЕУ ги заостри визните правила за руски државјани поради зачестени нарушувања со дронови и саботажи на европска територија. Патувањето во ЕУ е привилегија“, порача шефицата на ЕУ за дипломатија и безбедност Каја Калас. 
  • Таа не наведе доказ дека дроновите што надлетуваат аеродроми низ Европа се управувани од Руси. Што се однесува до саботажите во Балтичко Море - за разнесувањето на гасоводот се обвинети двајца државјани на Украина.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Фала, го имаат во зграда

Зборот од кој експлодираме

Хеланки

Тука почна Брегзит

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy