Вести

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Речник

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Колку повеќе репрезентации настапуваат на Светските фудбалски првенства, толку помалку има фудбалери што се родени во земјата чиј дрес го носат. Помалите нации не можат без фудбалери од дијаспората. Само еден фудбалер на Курасао е роден во земјата. Интересен факт за оние што мислат дека Франција игра со „странци“: дури 54 фудбалери на Мундијалот се родени во Париз.

Емиратите му намигнуваат на јуанот

Обединетите Арапски Емирати побараа валутна размена со САД заради санирање на економските последици од војната против Иран во која беа вовлечени без некој да ги праша. Емиратите може да останат без долари ако кризата се влоши (а натаму оди работата), па предупредуваат дека ќе бидат принудени да користат кинески јуани или други валути за продажба на нафта и за трансакции. 

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Уште Петер Маѓар официјално да ја преземе премиерската функција во Унгарија, Брисел му постави незгодна задача - да го поништи законот од Орбан за забрана на пристап на деца до LGBTQ содржини. Ова му доаѓа како „приемен испит“ за десничарот, кој во кампањата воопшто не го пипаше ова прашање, а ќе има двотретинско мнозинство за да го промени.

Зеленски планира задолжителна регрутација на жени

Киев има огромни проблеми да ја засили армијата до нивото од 800.000 војници кое го побара врховниот командант Зеленски. Бидејќи бројот на мажи кои имаат право на воена служба (на возраст помеѓу 18 и 60 години) постојано се намалува, украинското раководство ги тестира реакциите од јавноста за можноста за задолжително регрутирање жени.

Војна секогаш е добро покритие за замолчување

Од 28 февруари, САД и Израел водат војна против Иран со последици далеку пошироки од бојното поле. Низ Персискиот Залив, владите го искористија конфликтот за да ја прошират репресијата дома. На монархиите од Заливот војната им даде тазе покритие за засилување на репресијата, криминализирање на несогласувањето и зацврстување на контролата врз секоја верзија на реалноста што е надвор од посакуваниот наратив.

Некој во серија заработува милиони од кладења на постови на Трамп

Необична шема се повторила три пати откако САД ја почнаа војната со Иран. Некој става облог од милиони долари и точно ги предвидува клучните изјави на Трамп неколку минути пред да ги каже. Прекинот на огнот со Иран завршува утре. Трамп се заканува со нови жестоки напади ако Техеран одбие да ги продолжи преговорите. Уште една идеална можност за ризични облози.

Варуфакис ги објаснува вистинските цели на Палантир

Oдбранбениот гигант Палантир, кој ја подмачкува воената машинерија на Израел и развива аналитички платформи за владини агенции, војски и корпорации, ја оправдува својата идеологија во манифест „за одбрана на нацијата“. Јанис Варуфакис, критичар на „технофеудализмот“ како нов светски поредок, интерпретира што всушност значи секоја од 22-те точки во манифестот.

Маѓар се претвора во поголем пријател на Путин отколку што мислеа во ЕУ

Ако Унгарците гласаа за Петер Маѓар затоа што по 16 години им е преку глава од Виктор Орбан - ОК, нека им е со среќа. Ама ако го изгласале за да ѝ наштетат на Русија, како што ЕУ инсистираше во предизборната кампања, ја утнале работата. Маѓар нема намера да ги откаже договорите со Путин, а Брисел ќе мора во исто време да ги финансира и Украина и Русија во нивната војна.

Американците не ја купија приказната на Трамп за војната

Војна најдобро се шитка во претпродажба, како што беа американските интервенции во Авганистан и Ирак за кои американската јавност беше добро издинстана и расположена. Војната со Иран е првата голема воена операција за која Вашингтон нема мнозинско одобрување. Трамп имаше седум недели да ја убеди домашната јавност зошто Иран морал да се нападне, ама - не му оди.

Природата пулсира во универзален ритам: Две отчукувања во секунда

Изненадувачки голем број суштества, од инсекти па сè до големи цицачи, независно едни од други и од степенот на еволутивниот развој комуницираат со фреквенција од приближно два сигнали во секунда. Ни ние не сме отстапиле далеку од универзалниот просек – правиме два чекори во секунда, а повеќето рок и поп песни се напишани во темпо од 120 битови во минута.

Англија ќе црпи гас за да копа биткоини

Британска компанија доби лиценца да експлоатира гас од огромно поле во Јоркшир, кое има капацитет да задоволи 10% од енергетските потреби на земјата. Но, тоа нема воопшто да ја олесни енергетската криза ниту ќе ги намали сметките на семејствата. Струјата од гасната централа ќе се троши на рударење биткоини. Приоритет има приватниот ќар.

САД бараат гејмери за контролори на летање

За да го пополни недостигот од околу 3.500 контролори на летање, американската Федерална администрација за воздухопловство објави конкурс насочен кон гејмери. Оценила дека нивната способност за концентрирање и брзо донесување одлуки се квалитети што одговараат за една од најкритичните позиции од која зависат животи на милиони луѓе.

Срцето повикува на будност во врска со мелатонинот

Мелатонинот е природен хормон кој организмот го произведува ноќе а чии лабораториски синтетизирани верзии често се користат како помош за заспивање. Консензуално се смета за здрав за срцето. Сепак, една обемна нова студија сугерира дека редовните долгорочни корисници се соочуваат со поголем ризик од срцева слабост, хоспитализација, а со текот на времето, пу-пу, скраја да е.

Биби го спржи угледот на Израел кај Американците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху направи хаос во американската перцепција на Израел а војната со Иран дополнително го влошува односот со САД. Падот на имиџот на Израел е највидлив кај помладите Американци, но го погодува и Конгресот. Пратеници кои започнаа јако произраелски настроени стануваат сè погласни критичари на авантурата во која Биби го вовлече Трамп.

Четирите јавачи на мулти-левел маркетингот

Човечката историја во основа e една долга измама, со нас, луѓето, како постојано желни и жедни клиенти. Од проповедници, подиуми и билборди, пораката е извонредно конзистентна: не сте баш-баш, ама, имаме добра вест за вас -  ние го имаме решението! Тоа е најстарата шема за мулти-левел маркетинг во светот, и ние некако сè уште ја голтаме понудата, да ни продадат нешто што веќе е бесплатно.  

Новинарската слобода како задолжителна поддршка за Израел

Аксел Спрингер е медиумска империја со седиште во Германија која ги поседува брендовите како Билд, Ди Велт, Политико и Бизнис Инсајдер. Го набавија и британски Дејли Телеграф по што на новинарите на тој медиум веднаш им беше даден уредувачки компас, за да не се изгубат во беспаќата на новинарската слобода. 

Клод Митос: Сите го сакаат и му се плашат

Министри за финансии и банкари низ светот свикаа кризни состаноци откако првите тестирања на Клод Митос потврдија дека оваа нова алатка со ВИ на Антропик има потенцијал да ја пробие заштитата на финансиските системи. Белата куќа им нареди на сите американски агенции да го користат моделот на Антропик за да ја проверат кибернетската безбедност.

Затворањето на озонската дупка се одложува за седум години

Истенчувањето на заштитниот озонски слој околу Земјата првпат беше забележано во далечната 1985 година кога се откри растечка дупка над Антарктикот. Две години подоцна беше создаден Монтреалскиот протокол, по кој 193 земји одлучија здружено да го решат проблемот. 39 години подоцна се открива дека протоколот се заснова на погрешни проценки. 

Малцински извештај: ФБИ го билда списокот на „пред-криминалци“

ФБИ формира нов центар за следење граѓани и тројно го зголемил списокот со имиња на Американци за кои властите оцениле дека некогаш во иднина може да извршат терористички акт или кривично дело. Слично на филмот „Малцински извештај“, ФБИ настојува да следи и да прогонува луѓе врз основа на нивните проценети ставови. Особено ако не се од МАГА.

Светот ќе банкротира поради американскиот долг

Американскиот национален долг од 39.000 милијарди не е проблем само за Вашингтон. ММФ го смета за „највидливиот симптом на глобална болест“. На енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток земјите одговараат со политички потези – широки субвенции и намалување на акцизите, кои се економски токсични и носат долгорочни проблеми.

Може ли да му се верува на човекот што сака да ја контролира нашата иднина?

Сем Алтман, кој од петни жили сака да ја управува иднината на човештвото, отсекогаш бил контрадикторен. Неговите соработници не можат да разграничат каде завршува неговата „надеж за човештвото“, а каде почнува копнежот за моќ. Илон Маск го тужи, Иља Сутскевер го обвинува дека лаже, а Дарио Амодеи предупредува „проблемот со OpenAI е самиот Сем“.

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

За две и пол години исчезнале или мистериозно загинале десет лица, од чувар до генерал, што имале пристап до најстрого доверливи проекти за вселенски истражувања и нуклеарна безбедност на САД. Конгресмени бараат од ФБИ конечно да спроведе истрага, за да се запрат шпекулациите дека за исчезнувањата можеби е одговорна државата.

Мигранти лажат дека се геј за да добијат азил во Британија

Мигранти од Пакистан во Британија им плаќаат илјадници фунти на адвокатски фирми за да ги претстават дека се геј и така да им обезбедат право на азил. Британија не може да ги депортира, бидејќи хомосексуалноста е кривично дело во нивната матична земја. Тешко може да ги открие измамите, бидејќи азилантите се опремени со фотографии, сведочења и други лажни докази.

Мегаструктурите ни крадат милисекунди

Иако со милениуми ни вршело работа, мерењето на денот според сонцето не е баш најпрецизен метод. Ротациите не се исти а врз нив влијаат различни фактори. Не само големите земјотреси и Месечината туку и огромните градби создадеи од човекот. Најголемата брана во Кина и светот е толку голеема што го забавува движењето на Земјата. Не е тоа многу, ама, малку по малку, отиде животот. 

25 милиони Иранци спремни да се жртвуваат за татковината

САД и Израел тврдат дека ја почнале војната против Иран за да им помогнат на Иранците да се „ослободат“ од режимот и тиранијата. Го постигнаа сосема спротивното. Над 25 милиони Иранци од сите етнички и верски заедници се регистрирале за „Џан Фада“, спремни да го жртвуваат сопствениот живот за да ја одбранат татковината од агресорите.