Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Европската струја во јуни беше соларна

За првпат досега, сончевата енергија во јуни обезбеди повеќе струја за државите од Европската унија од нуклеарната енергија или енергијата добиена од ветар. 13 членки постигнале рекордни износи струја од своите соларни системи. Според тинк-тенкот Ембер, уделот на јаглен во јуни бил најмал од кога и да било порано. 

Со далечинско од среде џунгла носат кокаин по светот

Колумбиската морнарица улови невообичаен плен - мала автономна полуподморница со капацитет да носи товар од 1,5 тон. Во неа немало ни луѓе ни стока, но морнарицата е убедена дека ѝ припаѓа на најголемиот кокаински наркокартел. Ја пресретнале во карписки води, каде што ја тестирале дали може да стаса до пазарите во САД или Европа, кои трошат кокаин како никогаш досега.

„Народот“ е клучен за победнички слоган

Креативен предизборен слоган знае да придонесе за победа, а несмасно склопените може да уништат кариера на политичар. Темелна научна анализа на слогани од целиот свет покажала дека има неколку клучни зборови им се заеднички на многу успешни кампањи. Но, сами по себе не се волшебна формула за изборен успех. Нема многу да им помогнат на „нехаризматични ѓубриња“.

Хемија во целофан го репрограмира мозокот

Прехранбената индустрија има ефикасна формула да промовира штетна, па и опасна храна како „здрава“, не само со маркетиншки трикови што го лажат окото. Внимателно креирана комбинација од состојки во ултрапреработената храна го репрограмира мозокот за да ја блокира ситоста и да бара повеќе и повеќе храна. Најлошото е што мислиме дека ја контролираме ситуацијата.

Дроновите повеќе не се непобедливи

Беспилотните летала оставија крвав тактички печат во војната во Украина. Од маргинални алатки за извидувања станаа доминантни убијци од кои стрепат и војниците на фронтот и цивилите од Киев до Москва. Главната предност на дроновите е кога се користат во роеви, но не се непобедливи. Брзо беа развиени контрасистеми кои го затворија прозорецот на нивната доминација. 

Грчки агент ги криел врските на ЦИА со атентатот врз ЏФК

Речиси 62 години по убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, нови документи покажуваат дека агент на ЦИА имал директни контакти со атентаторот Ли Харви Освалд и, уште полошо, дека ЦИА пред Конгресот систематски ја криела својата улога во атентатот со лажни сведочења и прикривање документи. Тоа покренува сериозни прашања за сите досегашни истраги.

Криминалот во Германија има странско потекло

Германските власти не објавуваат дали лицата осомничени за криминал имаат странско потекло, но опозициската АфД по парламентарна истрага сепак стигна до загрижувачка официјална статистика. Младите Алжирци во Германија, на пример, 56 пати почесто се осомничени за криминални дела во споредба со нивните германски врсници. Реалната разлика е многу поизразена.

ТЕМУ доаѓа на европските трпези

Европските супермаркети и дисконтери се во паника од неочекувана конкуренција. На пазарот на прехранбени производи доаѓа кинеската Тему, која се прослави со продажбата на евтина облека, електронски уреди и украси за купувачи на кои цената им е поважна од квалитетот. Кинезите веќе градат логистика низ Европа и ќе ги полнат продавниците со храна од локални производители.

Прогонот на Франческа Албанезе

Кога ќе се пишува историјата на геноцидот во Газа, една од најхрабрите и најгласните застапници за правда и почитување на меѓународното право ќе биде Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН, чија канцеларија е задолжена за следење и известување за кршењата на човековите права што Израел ги врши против Палестинците. САД штотуку ја натоварија со санкции.

Тревога за вакцина што ја примиле милиони Британци

Британската здравствена служба објави „жолт картон“ за две нови вакцини за заштита на стари лица и бебиња од респираторен синцицијален вирус (RSV). Сериозно се пристапува кон ризикот од опасно невролошко нарушување, иако се појавува ретко. Вакцините RSV не се забранети, но внимателно ќе се следат сите несакани ефекти што се провлекле при контролите за безбедност.

Грок забега во нацисти

Четботот Грок за само неколку дена му направи поголема штета на Илон Маск од сите закани што ги доби од претседателот Доналд Трамп. По надградувањето и бришењето на воук-филтрите, алатката со вештачка интелигенција почна да го фали Третиот рајх, се нарече „МехаХитлер“, го пцуеше Ердоган и го навреди Туск. Маск се извини, но Турција веќе го блокира пристапот до Икс, а директорката на платформата даде оставка.

Му благодарам на Милановиќ што ја пропушти НАТО вечерата во Хаг

Ако не победат европските вредности туку, да речеме, американскиот супремацистички лидер Трамп, нема повеќе да ги има ни Словенија ни Хрватска. Односно, нема да ги има ако тргнат по победниците. Нивен избор е во отсутен момент, кога Хитлер ќе ги повика назад во битката за Сталинград, да кажат дека имаат корона. Кога си доволно мал, имаш можност да се правиш и глупав.

На Земјата некако ѝ се брза

Ако денеска не ви стаса време да ги сработите обврските или ако чувствувате вртоглавица, до планетата е. Поради забрзаната ротација на Земјата, oвој 9 јули е пократок за 1,3 милисекунда. Аномалијата ќе се повтори во уште два летни дена. Луѓето нема ни да забележат, ама за научниците и компјутерите е многу важно да ги курдисаат часовниците за да не изгубат некоја милисекунда.

Европа претера со ограничувањето на говорот

За разлика од САД, каде што Првиот амандман забранува какво било загрозување на слободата на говорот, лабаво дефинираните европски закони за говор на омраза и подемот на социјалните медиуми создадоа плодна почва за апсења и казни. Луѓе и особено политичари се пријавуваат за жртви на омраза без да обезбедат докази. Полицијата ги гони обвинетите и сурово ги казнува.

Американското оружје, најдобро другарче на авганистанскиот џихад

Откако во летото 2021 година САД и сојузниците од НАТО хаотично се повлекоа од Авганистан, им предадоа на талибанците планина од оружје и воена опрема. Со тоа оружје масовно се тргува. Ги поднови Ал каеда и Исламска држава, па и џихадисти пошироко од Балуџистан до Кашмир. САД не можат, а се чини не ни сакаат да спречат тоа оружје еден ден да биде свртено против Американците.

Вадат глифосат од најкористениот хербицид, ќе трујат со друг отров

По лавината критики, тужби и платени милионски отштети за предизвикан рак, фармацевтскиот гигант Баер почна да ја отстранува озлогласената состојка глифосат од најпопуларното средство против плевел во светот Roundup, што го презеде со купувањето на Монсанто. Го заменува со верзија на хербицидот паракват, кој е 28 пати потоксичен и кој е забранет во 70 земји. Не и во САД.

Прескапи им биле сирените што ќе спасеа десетици деца

Дваесет и осумте деца и стотината луѓе што загинаа во поплавите во Тексас, не се жртви само на поројните дождови и надојдените реки, туку и на згрозувачката неодговорност на окружните власти. Со години отфрлале да се инсталираат системи за предупредување и тревога во камповите за деца во критичниот регион со кобно име Долина на поплави. Сирените чинеле по 1.000 долари.

Нови олигарси на Зеленски профитираат од војната

Дури и пред војната, Украина беше општо признаена како една од најкорумпираните во Европа. Откако почнаа битките, десетиците милијарди евра што се долеваат како помош уште повеќе ја засилија корупцијата. Швајцарски весник опишува како се збогатиле клика олигарси, најчесто преку зделки што им ги овозможил претседателот Зеленски. Мирот може да биде уште попрофитабилен.

Како тргнало, можеби Епстин воопшто не постоел

Администрацијата на Трамп најави дека ќе ги објави списокот клиенти на сексуалниот предатор Џефри Епстин и вистината за неговата смрт, но сега соопшти дека таков список немало и дека тој се самоубил. Шокирана од пресвртот, јавноста реагира дека властите решиле да ја прикријат вмешаноста на врвни ѕверки од светската политичка и естрадна елита во мрежата на Епстин.

Кина гради империја на податоци

Пекинг ги смета податоците како основен фактор за производство, изедначувајќи ги со работната сила, капиталот и земјиштето. Со зацврстување на контролата врз базите, Големиот кинески Брат ќе има целосен увид во животот и навиките на граѓаните, бизнисот и владините служби. Со тој океан од информации во исто време ќе се хранат и тренираат моделите со вештачка интелигенција.

Нобел за Трамп, логор за Палестинците

Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон го предложи Доналд Трамп за Нобелова награда за мир и дискутира за прекин на огнот со Хамас, неговиот министер за одбрана објасни за каков „мир“ се работи. Палестинците од Газа треба да бидат концентрирани во „логор“ во Рафа од кој нема да може да излезат до времето кога ќе треба да бидат депортирани.

Цената што САД ја плаќаат за Израел не е само во долари

За трошоците за поддршка на Државата Израел некои Американци ќе кажат дека се 3,8 милијарди долари годишно - износот на воената помош што САД се обврзаа да ја дадат според десетгодишниот Mеморандум за разбирање. Тој одговор масовно ја потценува вистинската цена на односите, која не ги опфаќа скриените трошоци, па ни најголемата, која не може да се изрази во долари.

И Блер вмешал прсти во Ривиерата на Трамп во Газа

Институтот на Тони Блер го искористил неговото влијание како поранешен државник за да се вклучи во процесите во Газа, ама не за да го запре геноцидот, туку за повоената изградба на златната ривиера што таму ја гледа Трамп. Војната, во која беа убиени десетици илјади луѓе, „создала можност што се отвора еднаш во векот за обнова на Газа“, се наведува во документите.

Кинеска турбина, колку 13 наши

Кина има милениумско искуство со мегапроекти. Кога крева ѕид, треба да се гледа од вселената. Ако е брана, треба да ја измести рамнотежата на планетата. Хидроцентралата Датанг Ѕала не може да се споредува со моќта на браната Три Клисури, ама ќе ја има најголемата инерциска турбина во светот, со моќност 13 пати поголема од најголемите што ги имаме во Македонија, во ХЕЦ Вруток.