
Кина ги претстави двете досега најголеми турбини што ќе ја трансформираат во струја енергијата на водата. Компанијата Харбин Електрик ги конструираше четири години. Имаат дијаметар од 6,2 метри и тежат по 80 тони, но најважно е што имаат капацитет да генерираат 500 мегавати енергија.
Изработени се од специјален мартензитен челик, за да може со децении да го трпи огромниот притисок и да биде отпорен на корозија. Ќе бидат инсталирани во хидроцентралата Датанг Зала на Јуку, притока на реката Ну во источниот дел од Тибет.
Ова се импулсни турбини, што значи дека нема целосно да бидат потопени. Ќе бидат поставени повеќе од сто метри под нивото на акумулацијата и гравитацијата ќе го стори своето. Водата со огромна брзина ќе удира во корпите, по 21 на секоја турбина, за да ги задвижува.
Напредниот дизајн на црпалките треба да ја зголеми нивната ефикасност од 91 на 92,6%. Тоа се чини малку, но ќе биде доволно за да се генерира дополнителни 190.000 kWh струја секој ден. Хидроцентралата Датанг Ѕала од 2028 година ќе произведува речиси 4 милијарди kWh енергија. Тоа е еквивалентно на согорување 1,3 милиони тони јаглен, без 3,4 милиони тони CO2 што термоцентралите го испуштаат во воздухот.
China on Wednesday announced the successful development of the world’s largest impulse turbine runner, with an outer diameter of 6.23 meters, for the world’s first 500-MW impulse turbine. Two such turbines will be installed at the Datang Zala Hydropower Station in southwest… pic.twitter.com/E0JGdeJTWD
— People's Daily, China (@PDChina) July 2, 2025
Со цел да биде јаглеродно неутрална до 2060 година, Кина денес е светски лидер во изградбата на нови хидроелектрани. Само оние што ги пушти во погон лани имаат моќност од 14,4 гигавати. Сите други земји заедно придонесле со 10,2 гигавати. Вкупниот инсталиран капацитет на хидроенергија на Кина е 436 гигавати, а американскиот за споредба е 103,1.
Најголемата брана Три Клисури, со моќност од 22,4 гигавати, ја забави ротацијата на Земјата и го зголеми денот за 0,06 микросекунди поради тежината на 40 милијарди кубни метри вода во огромната акумулација на реката Јангце.
******
Види и: Пуштена најголемата брана на светот